таг / качување

Уште пред некое време Гугл почна да го носи неговиот „Стрит вју” каде што апсолутно нема никакви улици, па од кујната на интернет гигантот излегоа доста интересни проекти преку кои со клик можеш да се прошеташ во базниот камп на Еверест, Мон Блан, древните манастири на Ангкор Ват, кањонот на реката Колорадо, Маунт Фиџи итн., но дефинитивно најинтересна од повеќе аспекти е посетата т.е. искачувањето на „Носот” на карпата Ел Капитан во Јосемити. 

„Капетанот” или Ел Капитан претставува вертикална монолитна гранитна формација висока околу 900 метри од базата до врвот, а ова се некои мали човечиња кои со помош на опрема, знаење и упорност во (најчесто) повеќедневни тури се обидуваат да ја искачат.

Вчера на 14.06.2017 официјално беше отворена новата болдеринг сала „БолдерБар” која покрај одличните и современи услови за качување и вежбање ќе понуди и неколку пропратни елементи со што одлично ќе ја освежи качувачката опција во Скопје. 

Овој викенд на 3.06.2017 американскиот качувач Алекс Хонолд успеа да ја искачи една од најтешките насоки во долината Јосемити - Фрирајдер 7c/+  во слободен соло стил т.е. без користење на јажиња и додатна опрема. 

Наездата на млади и исклучително спремни девојки во доменот на качување продолжува со новото достигнување на 19-годишната Марго Хејес која успеа да ја качи првата насока со оцена 9а+ од страна на една жена. 

Овој ноември со премиера во Болдер, Колорадо започна турнејата на дванаесетото издание на филмскиот фестивал кои главниот акцент го става на качувачките спортови - Рил Рок 12. 

Само недела откако документарниот филм „Одметник - Легендата за Фред Беки” беше прикажан на нашиот Ехо - планински филмски фестивал (каде и доби Гран При награда), качувачката икона на нeгови 94 години почина. 

Фотогалерија од отварањето на новиот БолдерБар во Скопје

Повеќе инфо

Паралелно на стотиците луѓе и екипи кои овој период се во обид за искачување на највисокиот врв на светот, постои една (релативно) мала група на доброволци кои таму одат за да го исчисти ѓубрето што претходниве веќе го имаат забаталено. 

Мало делче од 12-минутното видео на Давид Лама, каде заедно со алпинистите Хансјорг Ауер и Алекс Блумел се обидоа да ја искачат југоисточната страна на Анапурна III. Насоката по обидот пролетва повторно остана неискачена... 

FB Препораки