таг / к4т видео

На седмото издание на меѓународниот џудо куп „Миоки Опен” кој во саботата (29.10.2016) се одржа во СЦ Јане Сандански настапија вкупно 513 натпреварувачи од 14 Држави. Во прекрасна спортска атмосфера љубителите на овој спорт можеа да уживаат во одличните борби.

По примерот на европските и светските планински држави кои зимските туристички капацитети веќе долго време ги имаат направено во летни атрактивни локации со широка понуда на спортови и активен туризам, Македонија е неопходно да го држи чекорот кон ваквиот развој. Спортските настани како Планинскиот фестивал на Попова Шапка е одличен пример како треба да се работи на случајот.

Денот 21 јуни можеби е светски ден на јогата, но е локален и важен ден за Охридското езеро и се прославува од 2000та година, на иницијатива од Билатералниот Секретаријат за заштита на езерото и сливот на водите, кога за прв пат општините Поградец, Струга и Охрид потпишаа мемеорандум за разбирање и соработка, за зачувување на природното богатство.

На 13-14.06.2015 се одржа долгочекуваниот Маврово МТБ Викенд. На 14ти утрото стартуваше маратонот и полу-маратонот кои имаа рекреативно-натпреварувачки карактер. Бевме присутни за да го доловиме настанот со свое око... Многу луѓе, љубители на аутдор спортовите и природата и одлична атмосфера во еден од најубавите региони на Македонија. 

Веќе неколку години по ред, на последниот викенд во мај, мноштво убави луѓе имаат мал милион причини и никакви изговори да појдат и да уживаат во убавините на еден надалеку прочуен македонски регион на топлиот југ од нашата држава. Топло е кога ќе се каже - „И јас бев во Мариово”.

Активно Скопје во недела на 24.05.15 беше построено на стартната линија во подножјето на Водно, причина Прв до Врв, настан кој го дава пулсот на спортско рекреативно Водно. Честитки до Победниците и секоја чест на тие што стигнаа горе..Прв Врв, втор мотор, трет балет... п.с. Браво за организаторите.

Искрено, ние не знаеме подобар начин за најубаво запознавање и доживување на одреден регион од активниот алтернативен туризам. Овојпат, екипата на TREX беше на Доломитите во акцијата - Лаваредо Ултра и Кортина Треил 2015. 

Овој викенд имавме можност далечинскиот управувач да го калибрираме на нешто многу поинакво од досадните локални ТВ канали. Топло препорачуваме да ја изгледате оваа епизода, и да си направите некоја во ваш стил и режија, без разлика дали имате или немате некоја јака продукција. Најдоброто што може да ви се случи е да се навлечете токму на оваа серија. 

Општина Македонска Каменица, Културно-информативен центар „Романса" и Спортско риболовно друштво „Шаран", во соработка со Спортското здружениe Aqua-Terra, организираа прв промотивен настан за презентација на водените спортови SUP StandUp Paddle (Исправено веслање на даска) и Windsurf  (Едрење на даска)

Веќе три години дечките од неформалното здружение НаТочак, секоја последна среда од месецот мобилизираат стотици луѓе на велосипед затоа што како што велат „Скопје не може да биде веле-град без најпрво да стане вело-град".

Факт е дека децата кои спортуваат добиваат многу бенефиции од физичката активност. Па затоа, не треба да пронаоѓате изговори за неактивноста на вашето дете.

FB Препораки