таг / интервју

Тоа се луѓето кои доаѓаат први во салата, и си заминуваат последни. Низ нивните раце минуваат сите, и понекогаш тие се главните кога треба да се состави екипата. Од нивната стручност и способност зависи дали тренерот ќе може да смета на сите, како и дали оние што се жалат на повреда можат брзо да се вратат во процесот на тренирање.

Она што следува за шестото издание на еден од најдобрите вело-рекреативни и спортски собири на отворено - Мариово Офф-роуд 2017 е една мини реконструкција која цели за враќање кон корените на првичната замисла на фестивалот - спокој, уживање и сплот со прекрасната природа на регионот. Затоа решивме да поразговараме со Слободан Трајковски кој ни откри нешто повеќе за следново издание. Се гледаме во мај... 

Теодора Димоска беше избрана за најдобра фудбалерка во Македонија за сезоната 2015-2016. Нејзините успешни настапи за ЖФК „Драгон 2014” и за репрезентативниот дрес не останаа незабележани. Евидентниот талент на Теодора ветува голема и сјајна кариера за младата фудбалерка. 

Во интерес да дознаеме нешто повеќе за „Специјална Олимпијада Македонија” како една од главните спортски организации кои ги вклучува лицата со интелектуална попреченост во најразлични спортски активности, ја контактиравме Елена Зисовска, помошник тренер по пливање-волонтер и координатор на програмата Млади Атлети во самата организација, но и редовно активна девојка на повеќе различни спортско-рекреативни полиња. 

Сакајќи да дознаеме нешто повеќе околу новата сезона на Доупнесс (патем и околу новиот одличен трејлер), решивме да го исконтактираме првиот осомничен за истата - Горан Симјаноски, стара школа блејдер од Влае кој има детално познавање на македонската урбана сцена. Покрај ова се заинтересиравме и околу состојбата на овие спортови во нашата држава и начинот на кој би можеле да се развијат според размислувањата на авторот на оваа серија. 

Уште еден спортски пар ја овековечи својата долгогодишна љубов со брак. Прекрасно е да се видат две индивидуи што секојдневно се активни професионално и приватно, взаемно си помагаат и се бодрат на секое поле и претставуваат инспирација за луѓето околу нив. Сигурно сте ги виделе како насмеани и позитивни водат групи во сала, на планини, на плажа, на предизвици, секаде каде што има можност за активен животен стил... па дури и на сопствената свадба!

Женскиот спорт во Македонија е маргинализиран и поретко пласиран во јавноста, и оваа акција има за цел повторно да го популаризира и промовира значењето на женскиот спорт, важноста од успешни примери (role models) кај помладите генерации, како и итноста од креирање на стратегија за унапредување на родовата еднаквост во спортот.

Жаклина е нашата прва соговорничка со која ја отпочнуваме следната активност на ТАКТ која подразбира објавување на интервјуа со наши познати и помалку познати жени спортистки кои јавно проговоруваат за предизвиците со кои се соочуваат во нашата средина но и за резултатите и успесите кои ги постигнуваат на работно поле.

Вљубеник во спортот и летањето, своевремена кроскантри и акробатска (сега само рекреативна) параглајдеристка, мајка, писателка, активна поборничка за родовата еднаквост во спортот и претседателка на ТАКТ. Сакајќи да дознаеме нешто повеќе за глобалната менторска програма во САД од којашто треба да излезат бројни акциски планови за зајакнување и унапредување на жените преку спорт на глобално ниво, разменивме пар убави муабети со Силвија Митевска. 

Сакајќи да дознаеме нешто повеќе за важноста на раната и брза дијагностика како еден од првите чекори кон коректно третирање на спортските повреди, решивме да поразговараме со д-р Магдалена Богучевска која работи како специјалист радиолог кој моментално е на субспецијализација за мускулоскелетна радиологија, една од најважните гранки за рана детекција на спортските повреди. 

Интервјуто содржи стручни и искуствени информации од нашиот еминентен, добро познат професор доктор невролог и епилептолог Методи Чепреганов на темата околу спортот кај пациенти дијагностицирани со епилепсија и безбедноста при практикување на активен стил на живот. 

Во склоп на седмото издание на Планинскиот Филмски Фестивал - ЕХО имавме исклучително интересна можност да се дружиме со Никлас Холстен - фрирајд сноубордер од Финска кој се има натпреварувано и освоено бројни сноуборд натпревари ширум Европа и своевремено беше дел од Freeride World Tour. 

FB Препораки