таг / фудбал

Околу 1800 млади од генерациите 2007, 2006, 2005 и 2003 ќе играат фудбал на 28, 29, 30.08.2017 во рамките на „Гази Баба Куп 2017". Целта на овој фудбалски настан е да се промовираат спортски вредности и да се поттикнат децата од најмала возраст преку забава и дружење да се вклучат во спортот и здравиот начин на живеење.

Дел од мојата медиумска активност со дадени изјави, интервјуа за Азербеџански медиуми и гостување во неколку Mакедонски телевизии. 

Така млади, а веќе со богата кариера на фаудбалските терени можат да се пофалат двете сестри Сијче и Наташа Андонови од Неготино. Започнувајќи со Тиквешанка, па потоа Македонскиот национален фудбалски тим, за од 2011 година да започнат европска кариера во Бундес лигата закитувајќи се со бројни трофеи и успеси. Поразговаравме со нив за родовите разлики во спортот кои би сакале да бидат еднаквости.

Теодора Димоска беше избрана за најдобра фудбалерка во Македонија за сезоната 2015-2016. Нејзините успешни настапи за ЖФК „Драгон 2014” и за репрезентативниот дрес не останаа незабележани. Евидентниот талент на Теодора ветува голема и сјајна кариера за младата фудбалерка. 

„Секој може да игра фудбал на рамно, како што играат во Франција. Тоа е за мивки.” 

Во видеото подолу можете да погледнете една од многуте вежби за подобрување на брзината. Видеото е брзински тренинг на фудбалерите, но може да се искористи и за другите спортови како што се ракомет, кошарка или одбојка.

Скопје (12.02.2017) Љубовта кон спортот е уникатна и посебна. Фудбалот, како еден од најпопуларните спортови кој од страна на најверните љубители се следи религиозно во Македонија, а и во светот, е и еден од најомилените спортови и на најголемите светски спортски брендови како што е Адидас.

Македонија со фудбалската репрезентација до 21 година за прв пат во историјата оди на ЕП во Полска. Честитки момци!  

Иако пред месец дена Јохан Кројф изјави дека во натпревар со ракот на неговите бели дробови тој се чувствува како да „води" со 2:0 на полувреме, на 24.03.2016 година, холандската и светската фудбалска легенда не ги издржа продолженијата и замина во вечноста. Повеќе за брилијантниот фудбалски ум, неговите гледишта за фудбалот и збровите кои другите ги кажаа за него, читајте подолу. 

Михајло Шејкероски-Шани кој до неодамна беше дел од Фудбалската Акедемија "Пандев" веќе од Јануари 2016 ќе биде дел од стручниот штаб на црно-белите од Пловдив како нивен кондициски тренер. Интересен факт е што Шејкероски долго време работеше  во таборот на вечниот ривал на Локо,  Ботев Пловдив. 

FB Препораки