таг / џудо

Џудото е љубов на прв поглед за Берна Шерифовска. Најпрво нејзиниот брат почнува да тренира, а потоа и таа, па започнуваат да се редат, балканско, европско, светско првенство... За неа нема поголема мотивација од тоа да излезеш од татамите како победник. Пристојна, љубезна, скромна и секогаш одмерена во одговорите, Берна ја пишува историјата по џудо во македонскиот спорт.

Нова поддршка на MOK во насока на развојот на џудото во Македонија.

Младите македонски џудисти во интернационален камп на Меѓународната Џудо Федерација.

Најдобриот македонски џудист, Катерина Николоска, која се наоѓа на подготовки во Сплит, Хрватска, во периодот 16-18 Октомври ќе учествува на Европскиот Џудо Куп "ДУБРОВНИК 2015" кој е во организација на Европската Џудо Унија.

Мала сала во еден огромен спортски центар, ама преполна со џудисти од сите возрасти и од целиот Балкан. Милина за гледање, навивање и уживање.

На седмото издание на меѓународниот џудо куп „Миоки Опен” кој во саботата (29.10.2016) се одржа во СЦ Јане Сандански настапија вкупно 513 натпреварувачи од 14 Држави. Во прекрасна спортска атмосфера љубителите на овој спорт можеа да уживаат во одличните борби.

Во организација на Џудо клубот Миоки од Скопје во саботата (31.10.2015) во СЦ Борис Трајковски беше одбележан Меѓународниот ден на џудото со традиционалниот џудо турнир „Миоки Опен” кој се одржува по шести пат. 

Џудистката Катерина Николоска иако имаше победа до пред самиот крај на мечот против Хусеинова (Азербејџан), на 6 секунди до крајот по една акција на домашниот натпреварувач, ја загуби борбата. Катерина имаше водство од 1:0, Хусеинова изедначи на 1:1, но и со овој резултат Катерина ја имаше победата.

Овој викенд, спортскиот центар „Борис Трајковски“ беше домаќин на петтото по ред издание на интернационалниот турнир „Миоки Опен 2014“ која мина во супер атмосфера и организација од страна на џудо клубот „Миоки“ од Скопје. 

FB Препораки