таг / деца

Една добро структуирана програма треба да ја подобри јачината на еден млад спортист, а со тоа да се намали ризикот од спортски повреди и да се подобрат неговите атлетски перформанси.

Најраните искуства на децата значајно ја оформуваат сликата за себе. Споделувањето, создавањето пријателства, обрнувајќи внимание, изразувајќи чувства и успешно справување со предизвиците, се вредни вештини кои ја формираат основата за доживотно учење и развој. Семето на овие вештини - наречено "социјален и емоционален развој" - се создаваат преку најраните детски искуства.

Околу 1800 млади од генерациите 2007, 2006, 2005 и 2003 ќе играат фудбал на 28, 29, 30.08.2017 во рамките на „Гази Баба Куп 2017". Целта на овој фудбалски настан е да се промовираат спортски вредности и да се поттикнат децата од најмала возраст преку забава и дружење да се вклучат во спортот и здравиот начин на живеење.

Секој родител посакува неговото дете да го достигне својот максимален креативен и интелектуален потенцијал. Креативноста им носи многу бенефиции на децата подоцна во животот. Факт е дека креативните лица се пофлексибилни, полесно ги совладуваат пречките и гледаат можности таму каде што другите гледаат проблеми.

Воопшто не е тајна дека децата кои имаат родители се вклучени во нивните секојдневни активности се посреќни, поздрави и подобр адаптирани. Истражувањата покажуваат дека имаат зголемен когнитивен развој, мотивирани се, имаат зајакната врска родител-дете и имаат целосно подобар академски развој.

Во психологијата терминот постојана свесност (mindfulness) се дефинира како состојба на умот која се постигнува со насочување на свесноста кон сегашниот момент, притоа препознавајќи и прифаќајки ги чувствата, мислите и телесните сензации кои се случуваат во истиот тој момент.

Децата се природни јогини. Ако внимателно ги набљудуваме, ќе забележиме дека тие спонтано и без напор, уште од најрана возраст, изведуваат многу класични јога вежби како што се положба на бебе, плуг, куче кое гледа долу, кобра, бебе кое се смее и други асани. И уште, со својата креативност, опуштеност и детската невиност изразена преку нивните игри, тие измислуваат и нови, покомплексни асани.

Од 19 до 25 јуни се одржа првата смена од летниот камп SUN & FUN во авто кампот Ливадиште. Триесетина ученици на возраст од 10 до 14 години имаа можност да уживаат на бреговите на Охридското езеро, но воедно и да научат многу од обуките што се одржуваа во тие седум дена.

Да ги научиме децата да создаваат и да ја ценат визуелната естетика може да има огромно влијание и важност во развојот на идните генерации. 

Иако депресијата не е болест која ја поврзуваме со деца, сепак не треба да го занемаруваме фактот дека е чест проблем токму кај децата - вели Др.Robert L.Hendren, поранешен претседател на Американската Академија за Детска и Адолесцентска Психијатрија (AACAP). Според оваа академија, едно од 20 деца е депресивно или просечно едно дете од секоја училница.

Заклучокот кој го даваат психолозите од Харвард е: "Да се порасне дете кое ќе биде учтиво, грижливо и емпатично е навистина тешка задача. Но, сите ние како родители сме способни за тоа. Ништо друго на светот не може да се спореди со важноста на оваа задача ниту со радоста кога таа ќе биде успешно исполнета".

FB Препораки