таг / алпинизам

Спортовите во природа континуирано стануваат се поатрактивни и привлечни активности за многу млади во Република Македонија, па сакајќи да дознаеме нешто повеќе околу алпинизмот и неговата можност за практикување во нашата држава решивме да поразговараме со Игор Талевски - претседател на Македонска Алпинистичка Федерација, долгогодишен алпинист и љубител на планините. Интервјуто беше направено во рамките на интернационалниот Аутдор Фестивал во Демир Капија кој се одржа ова лето. 

Алпинизмот никогаш не бил "вообичаен" или "реален" живот за мене, туку би рекол, бегство од тоа. Привремена активност која ме привлекуваше. Не ја оценувам ниту како морална обврска ниту како физичка потреба, но тешко би можел да се откажам од оваа активност. Лудо, будалесто искачување, од друга страна пак, би ме направило да бидам скромен, ентузијастичен и восхитен. - Рајнхолд Меснер

На два дена пред новата 2017 година, алпинистичкото трио Томас Хубер, Роџер Шаели и Штефан Зигрист успеаја да направат првото повторување на легендарната насока на северната стена на Ајгер - Метаноја која за прв пат беше искачена после 9 дена соло искачување од страна на Џеф Лоу пред околу 25 години. Во чест на Џеф... 

Мало делче од 12-минутното видео на Давид Лама, каде заедно со алпинистите Хансјорг Ауер и Алекс Блумел се обидоа да ја искачат југоисточната страна на Анапурна III. Насоката по обидот пролетва повторно остана неискачена... 

Поминаа 30 години од изведувањето на оваа акција. Текстот што следи е во скратена верзија со акцент на позначајните моменти и доживувања.

Од 14-17 Април во Ла Грав, Франција се одржа овoгодишниот „Златен Цепин", најпрестижната манифестација за алпинистички достигнувања на годината како и доделување на признание за животно дело.

Традиционалниот зимски алпинистички собир во организација на Македонската алпинистичка федерација, оваа година се одржа од 16 до 19 Февруари на планината Галичица, поточно во регионот на врвот Магаро. На собирот учествува алпинисти од клубовите АК Матка, АК Патагонија, АК Осум и АК Плоча.

Во текот на викендов, членови на Алпинистички Клуб Матка и Алпинистички клуб 8 - АК 8 од Скопје, реализираа неколку работни содржини во рамките на практичниот дел од испитот за соодветни алпинистички називи во рамките на Македонската Алпинистичка Федерација.

Со малку подранета дата оваа година, од 17 до 20 октомври го очекуваме седмото издание на фестивалот што ја негува и прикажува љубовта кон планините преку седмата (честопати и осмата) уметност - планинскиот филмски фестивал ЕХО. 

Откако Еверест и Непал доживеаја две последователни трагедии во рок од две години, вчера на 11 мај, за прв пат после подолго време шарпаска заедница на качувачи се искачија на врвот и попатно обезбедија фиксни јажиња за качување од јужната страна по ледопадот Кумбу. Сега повторно следи гужвата...

Трката се одржува секоја година во месноста Ареш - Буфор, Франција и е навистина исцрпувачка со секојдневни итинерери од преку 2500м нагорна висинска разлика и исто толку спуштање со скии, по променлив терен и непредвидливи снежни услови.

FB Препораки