таг / активен живот

Елена Бубало ‒ Некои ја знаат како фитнес-инструктор, некои како личен тренер, некои по спортските настани што ги организира, но најмногу по нејзината лична групна програма „Total Body Workout by Bubalo".

Убаво видео ни прати Бојан Велевски снимено минатата недела од група ентузијасти на велосипеди што го свртеле езерото (Охридско) и уживале на турата... 

Доколку си мислите дека летниот одмор, особено оној што вклучува плажа, може да ја наруши вашата вообичаена вежбачка рутина, без разлика дали таа е повеќе фокусирана на кардио тренинзи или мускулни вежби (strength training) – размислете повторно!

Апел до ЈСП да воведе нешто слично за да се размрда нацијава!

Тимот на k4t.mk ја имаше таа чест да документира неколку тренинзи и еден кошаркарски натпревар со харизматичниот ветеран Љупчо Спасовски за кој може да се каже дека во Македонија е еден од физички поактивните особи на негова возраст. Си ги мери силите со младите и воопшто не заостанува зад нив, напротив, неговиот натпреварувачки дух го води напред и не помислува да се предаде во скоро време.

Наоѓате ли изговори кога наближува мигот за вежбање? Ви претставува ли тежина помислата за самиот чин? Резервирате ли време во неделата кога му се посветувате на своето тело и дух за да достигнете повозвишена благосостојба?

Фотка на денот од фамилија Радевски на качување во Демир Капија. 

Редовните вежбачи и консументи на било какви физички активности имаат шанси да го намалат ризикот за развој на канцерот на дебелото црево за 30-40% во однос на неактивните или помалку активните особи.

Во последнава декада, децата минуваат многу часови пред компјутер, наместо да се занимаваат со активности надвор од домот. Познато е веќе дека неактивноста води до влошување на здравствената состојба. Затоа, редно е како родители да направиме нешто и да го смениме овој технолошки "тренд".

Тао Порчон-Линч може заслужено да го добие епитетот ”Супер баба”! Годините како да застанале за неа, бидејќи таа на своите 93 години редовно вежба и држи часови по јога, активно го живее својот живот, а во скоро време и ќе учествува и на наптревар по танцови со својот 69 годишен партнер. А да, и регистрирана е во Гинисовата книга на рекорди како најстар јога инструктор. Сега помладите имаат ли за нешто да се пожалат?

FB Препораки