Содржина


Добре дојдовте на www.karas4training.com, локален и глобален веб-портал, социјална мрежа и блог во едно кој го обединува активното општество преку постојана размена на корисни информации во врска со спорт, тренинг, рекреација, рехабилитација и исхрана. Услугите коишто Ви ги нудиме на овој портал се состојат во презентирање на новости, настани, тренинзи, исхрана како и собирање и презентирање профили на луѓе и места во Р. Македонија и пошироко, a кои се од посебен интерес за сите корисници на порталот. Ние податоците ги собираме и ги дистрибуираме како поединечни и/или групирани информации на начин кој е ефикасен за нивно брзо и лесно пронаоѓање. Профилите се однесуваат на места за спорт/ рекреација/  рехабилитација/ исхрана, услугите кои тие ги нудат, како и на луѓе кои се бават со спорт, рехабилитација, исхрана и рекреативци, во сите спортски категории. Како извор на информации користиме податоци собрани од сопствените истражувања, од официјални спортски извори, како и податоци кои корисниците на овој социјален веб доброволно ќе ни ги дадат. Дистрибуцијата на сите податоци се одвива преку www.karas4training.com при што КОМСОФТ може да има договор за стратешко партнерство со други компании како и соработка со компании надвор од нашата држава.

Политиката на приватност на проектот karas4training.com е составен дел од нашата постојана грижа за корисниците. Политиката е креирана за да се обезбеди заштита на личните податоци на корисниците на овој социјален веб. КОМСОФТ е сериозно посветен на заштитата на приватноста односно на заштитата на личните податоци на корисниците на социјалниот веб портал.

Ние сакаме да се обезбедиме дека во потполност сте ги разбрале условите и термините во однос на користењето и употребата на информациите. Внимателно прочитајте ги информациите кои се однесуваат на Политиката на приватност. Вашето пристапување и користење на социјалниот веб портал за нас значи прифаќање на ваквата политика на приватност и на секоја промена или измена на политиката поединечно. Доколку не ја прифаќате нашата Политика на приватност и не се согласувате со условите за користење на нашата страница и информациите што се содржани, Ве молиме да не пристапувате и да не го користите нашиот социјален веб.

За повеќе информации за условите за нејзиното користење видете ги Условите за користење на karas4training.com.

Информациии кои се собираат и користење на собраните информации

Лични информации

При користењето на нашите услуги од Вас може да се побараат информации за идентификација: 

Кај личните профили (ЛУЃЕ) - име и презиме, пол и датум на раѓање, град, држава, корисничко име и лозинка како и е-меил адреса за контакт;

Кај профилите за објекти и локации (МЕСТА) – назив, датум на основање, држава, град, адреса, геолокација, корисничко име и лозинка како и е-меил адреса за контакт,

кои треба да ги внесете во текот на првичниот процес на пристап/регистрација како корисник на социјалниот веб портал. Овој процес на регистрирање е доброволен, така што Вие како корисници се определувате дали податокот ќе го внесете во базата на karas4training.com. Вие може да го користите нашиот социјален веб без да се регистрирате, но притоа одредени функционалности како што е можноста за објавување Ваши статии, видеа, слики, огласи, кратки јавни пораки, комуникација преку приватни пораки, нема да Ви бидат достапни. Наша примарна цел е внесените лични податоци да послужат за да се овозможи комуникација меѓу корисниците кои делат слични/исти интереси и професии со Вас, како и себепромоција или промоција на места кои Вие ги раководите. Како на пример: Ваша лична и/или групна промоција преку објавување кратки пораки, статии, новости, некомерцијални огласи и настани кои Ве засегаат Вас или Вашиот бизнис.

Личните идентификациски податоци што се добиени од Вас, може да ги употребиме за испраќање на пораки до Вас, или за приспособување на специфични информации кои најмногу одговараат на Вашиот интерес и потреби. Преку анализата на личните информации и искажаните интереси и потреби од Вас, ја унапредуваме и подобруваме понудата која Ви е потребна. Во случај на потреба, ние ќе продуцираме само збирни (сумирани) податоци кои не може никако да бидат поврзани со определено лице. Овие информации не се поврзуваат со личните податоци кои ги давате при користењето на социјалниот веб портал. Ништо нема да биде преуредувано, дистрибуирано, објавувано или упатувано, освен на Ваше барање, како и во случај согласно со законите на одделните потенцијални земји учеснички во проектот.

Во случај на спојување или преземање на нашето друштво од друго друштво, Вашите лични идентификациски податоци ќе ги преземе новиот деловен следбеник, но под условите на Политиката на приватност. Личните идентификациски податоци karas4training.com може да ги сподели и со надлежните служби и по судски налог, како и во други случаи утврдени во позитивните закони.

Нелични идентификувачки информации

Karas4training.com, исто така, собира и информации кои не се лични, но можат да бидат идентификувачки како што се ИП адреси или локацијата на Вашиот компјутер на интернет, број на посети, кој интернет пребарувач се користи, просечно време поминато на страницата. Овие информации ние ги користиме за администрација на системите и за решавање на проблемите, за подобрување на содржината и изгледот на социјалниот веб портал, како и за давање на збирни информации на огласувачите и на останатите партнери. Ние може да откриеме нелични податоци во збирна форма на трети лица или огласувачи, на начин на кој Вие не можете да бидете идентификувани, односно да се откријат демографски податоци. На пример, karas4training.com може да сподели со огласувачот одредени демографски податоци како колку мажи, жени од различни возрасни групи, градови или држави на возраст помеѓу 18 и 40 години го посетиле социјалниот веб портал во одреден период. Овде се работи за наши податоци кои се статистички обработени.

Ние редовно ќе го подобруваме социјалниот веб портал за потребите на сите наши корисници, за да Ви обезбедиме најразновидни информации како и што повеќе информации за услугите за кои сте заинтересирани, во зависност од Вашите лични интереси соодветни на Вашата моментална потреба. Според тоа, наша цел е да им дозволиме на регистрираните членови, како и на нивните партнери, кои нудат информации, производи или услуги за кои ние сметаме дека се интересни за корисниците на социјалниот веб портал, да им достават релевантни информации и понуди на корисниците.

Податоците добиени од членовите и од нивните партнери ќе се користат на поефикасен начин за да се информираат корисниците за нови информации, нивните производи и/или услуги.

Следење на податоците

Делови од информациите се складираат во софтверот на интернет пребарувачот на Вашиот компјутер или привремено се чуваат во меморијата на Вашиот компјутер преку Cookies.

Cookies се мали датотеки кои привремено се складираат на Вашиот диск и кои можат да зачуваат секаков вид информации наведени погоре. Karas4training.com може да испраќа и презема Cookies на Вашиот компјутер. Со поставувањето на Cookies Вие му овозможувате на нашиот социјален веб да го препознае Вашиот компјутер кога следниот пат ќе нè посетите така што соодветно можеме да го приспособиме искуството на корисникот со социјалниот веб портал. На пример, karas4training.com употребува Cookies за да го препознае корисникот, за да ја следи употребата на социјалниот веб портал, кои други страници сте ги посетиле, кои линкови сте ги користеле, да додава информации за производи и услуги од интерес базирани на Вашите потреби врз основа на информациите кои сте ги дале или сте ги внеле преку Вашите активности, како и да процени колку посетители има социјалниот веб портал. Овие информации ни помагаат да создадеме ново искуство или да го надградиме постојното што е прифатливо за сите посетители на нашиот социјален веб. Karas4training.com, исто така, употребува Cookies за да чува кориснички имиња и лозинки кои се даваат при регистрацијата. Ако karas4training.com употребува Cookies во врска со собирањето на податоци за огласувачите, односниот огласувач може да добие електронско известување кога еден корисник ќе го отвори неговиот оглас.

Karas4training.com може да користи и други огласувачи на мрежи на трети лица за да стави огласи на социјалниот веб портал, а може да користи и услуги за мерење и анализа на нејзината посетеност. Агенциите-огласувачи се трети лица кои прикажуваат огласи врз основа на Вашите посети на социјалниот веб портал, а кои ќе се базираат на информации кои Вие сте ги поднеле или се извлечени преку Вашите активности на неа. Огласите од трети лица ги насочуваме кон Вас за производи и услуги кои може да Ве интересираат. Иако огласувачите и другите компании немаат пристап до Cookies кои ги остава социјалниот веб портал, мрежниот провајдер на рекламите од трети лица на оваа страница, огласувачите, спонзорите, и/или услугите за мерење на посетеноста можат самите да се стават и да пристапат до своите Cookies, само доколку на Вашиот компјутер е овозможено оставањето на Cookies. Овие Cookies од трети лица се поставени, меѓу другото, и за да помогнат да Ви се прикаже рекламата која би можело да Ве интересира, како и за да се спречи постојано  гледање на истите реклами. Воедно, води истражување во однос на корисноста на одредена реклама за Вас.

Оваа политика на приватност се однесува само на нашиот социјален веб. Cookies од трети лица и интернет патоказите се користат под услови на политиките за приватност на огласувачот–  третото лице, а не под услови на оваа политика.

Повеќето интернет пребарувачи се поставени да прифаќаат Cookies, но доколку сакате, може да го одбиете оставањето на Cookies на Вашиот компјутер преку употреба на соодветни можности на софтверот на интернет пребарувачот (доколку го има) за бришење на Cookies. Сепак, треба да знаете дека одредени делови во социјалниот веб портал може да не функционираат правилно ако интернет пребарувачот не ги прифаќа или ако ги избришете Cookies.

Малолетни лица (деца)

Овој социјален веб не е примарно наменета за лица под шестнаесет (16) години, односно за деца. Според тоа, нема свесно да собираме или да објавуваме податоци од деца без согласност од родител или старател, ниту пак ќе ги објавуваме на трето лице. Им препорачуваме на родителите, односно старателите да ги учат своите деца за безбедно користење на интернетот и давањето на лични информации.

Заштита на податоците на социјалниот веб портал

Ние имаме имплементирано бројни безбедносни карактеристики низ целиот социјален веб, дизајнирани за да се заштитат информациите што се одржуваат на нашиот систем од неовластено давање, користење или пристап до личните податоци. Пристап до личните информации собрани од корисниците имаат само овластени лица кои се обврзани да ја почитуваат доверливоста на Вашите податоци. Сепак, иако karas4training.com се труди да создаде сигурен и веродостоен социјален веб за своите корисници, не можеме да ја гарантираме доверливоста на секоја комуникација или материјал кој се пренесува до и од karas4training.com преку него или е-меил и не сме одговорни за дејствијата кои би ги преземале трети лица со примените информации. Кога внесувате каков било личен податок, треба да сте свесни за фактот дека тој е потенцијално видлив за јавноста, и следствено на тоа, може да го земат и употребат и други лица без согласност на корисникот. Според тоа, корисниците треба внимателно да размислат дали сакаат да дадат лични податоци и осетливи информации кои не сакаат да бидат откриени на јавноста и треба да се свесни дека употребата на интернетот и на овој социјален веб е единствено на нивен ризик. Karas4training.com не може да ја гарантира заштитата на личните податоци кои се пренесуваат преку интернет, на и од нашиот социјален веб, ниту пак е одговорен за дејствијата на трети лица. Karas4training.com ги предупредува своите корисници да бидат внимателни и одговорни кога се вклучени на интернет.

Право на избор на користење или откажување од системот за собирање и/или дистрибуција на податоци на karas4training.com

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате. Пристапот до социјалниот веб портал, регистрацијата и давањето на личните податоци е доброволен. Според тоа, корисниците на овој социјален веб можат да се откажат од споделувањето на нивните податоци со трети лица или да побараат отстранување на нивните лични податоци од базата на податоци на karas4training.com или можат да се откажат од користењето со кликнување на врската „откажи“ во рамките на karas4training.com.

Како што е напоменато погоре, собирањето, употребата и дистрибуцијата на лични податоци во голема мера ни помага да создадеме релевантни и индивидуализирани услуги. Без употреба на лични податоци, не може да доставиме услуги на најдобар начин. Во секој случај, ако одлучите да НЕ оставите некои од личните податоци имајте во предвид дека може да не Ви бидат достапни некои делови од нашиот социјален веб.

Објавување на лични податоци на трети лица

Ние нема да ги објавуваме Вашите лични податоци, освен што може да ги споделиме со трето лице кое има склучено договор со нас, вклучувајќи и застапници, огласувачи и регистрирани корисници, во случаи утврдени со закон, во случај на деловно преземање и спојување или друго слично префрлување или ако е поинаку дефинирано во Политиката на приватност.

Напоменуваме дека нема да бидеме одговорни за дејноста или политиката на приватност на кое било трето лице. Karas4training.com го задржува правото да ги сподели или префрли Вашите податоци при регистрација или други податоци, во случаи утврдени со закон или по барање на судот, на надлежните служби кога е неопходно за истрага и спречување на нелегална дејност која може да нè изложи нас или Вас на одговорност.

Врски со трети интернет страници и доверливост на податоците

Како дополнителна услуга за своите корисници, karas4training.com може да вклучи различни програми и алатки креирани и администрирани од трети лица („Трети интернет страници“) од каде што, на пример, можете да добиете дополнителни корисни информации во врска со одредени теми или случувања. Употребата на третите интернет страници е Ваш избор и зависи од Вашата одлука. Доколку ги користите екстерните линкови за да пристапите до веб-страниците на трети лица, треба да знаете дека овие веб-страници не се предмет на Политиката на приватност на karas4training.com така што не сме одговорни за нивното работење. Според тоа, доколку одлучите да ги употребувате, пред да пристапите на некоја од веб-страниците проверете ги: политиката на приватност на таа веб-страница и начинот и условите на работењето на третите лица, бидејќи тие имаат свои сопствени политики на приватност, заштита и користење на податоците.

Ако изберете да користите една или повеќе од овие интернет страници, тогаш секој податок кој го давате како дел од таа страница, како и Вашите податоци при регистрација, ќе му бидат достапни на третото лице кое ја администрира инернет страницата. Karas4training.com ќе ја задржи приватноста на Вашите податоци со кои располага во согласност со важечките прописи во Република Македонија, но не сме одговорни за начинот и условите на работењето на трети лица. Karas4training.com не може да гарантира дека третото лице ќе ја задржи приватноста и заштитата на Вашите податоци, дури и ако третото лице ветило дека ќе се придржува кон важечките прописи за приватност и заштита на личните податоци.

Напоменуваме дека ние не сме сопственици на производите и услугите кои Ви се нудат на нашиот социјалниот веб портал. Според тоа, не може да бидеме одговорни за дадениот квалитет или за можните недостатоци на производот и/или услугата или за проблемите од нивното користење. Одговорноста за ова е на огласувачот или на регистрираниот корисник кои ги понудиле овие производи и/или услуги.

Промени на политиката на приватност

Karas4training.com го задржува правото на промени на политиката или на дејностите што ги врши, вклучително и Политиката на приватност, во кое било време. Текстот на промените на Политиката на приватност се објавува во овој дел и влегува во сила со денот на објавувањето. Ваша задача е да го посетувате овој дел и да ги проучите и проверувате промените.

Напомена: Политиката на приватност може да се разликува од земја до земја која ќе обезбеди франшиза за karas4training.com. Ги молиме корисниците кои ќе пристапуваат до социјалниот веб портал од земјите кои имаат или ќе имаат франчиза, да се информираат за политиката на приватност на нивниот локален јазик. Пристапот и користењето на социјалниот веб портал од Ваша страна, по извршените промени, за нас значи дека ги прифаќате и промените и условите што се направени во делот Политика на приватност.

Корисниците на нашиот социјален веб можат да се информираат за сите измени и дополнувања на  делот Политика на приватност на следниов линк http://www.karas4training.com.

Промена на податоците

Корисникот може во секое време да контактира со karas4training.com преку е-меил и да побара промена на личните идентификациони податоци кои ги дал, како и да побара бришење и отстранување на личните податоци од базата на податоци на karas4training.com.

Барањата можете да ги испратите на следната е-меил адреса, contact@karas4training.com. Во барањето наведете го Вашето име и презиме, адресата, е-меил адресата и податоците кои сакате да ги промените. Во случај кога ќе добиеме вакво барање, може да побараме од Вас да ги потврдите сите промени во личните податоци.

Право на информации или како да не контактирате

Сите прашања или коментари од корисниците во врска со Политиката на приватност или со употребата на личните податоци може да ги испратите до karas4training.com на следната е-меил адреса contact@karas4training.com. Одговорите на поставените прашања ќе ги добиете во рок од 24 часа од приемот на прашањето.