Содржина

Како да објавувате поднесоци, кратки јавни пораки и статии

Karas4training.com Ви дава можност и простор лесно да најдете луѓе, места, информации и новости поврзани со спорт, тренинг, рекреација, рехабилитација и здрав живот (исхрана и велнес). Понатаму, подетално да ги видите професионалните определби на луѓето и местата, нивните интереси, достигнувања, сертификати или услуги кои ги нудат, за полесно да се групирате, советувате, соработувате или пак да добиете некоја услуга. Овoj веб-портал, социјална мрежа и блог или со еден збор социјален веб портал, постои за да ги обедини сите оние на кои здравиот и активниот стил на живеење им е императив, но исто така важна ни е забавата и уживањето при самиот процес.

Karas4training.com Ви дава простор каде што можете да ги видите јавните пораки, активности, огласите или статиите на другите луѓе или места.

Ги охрабруваме сите посетители и наши корисници да бидат отворени за соработка и да ги споделуваат своите знаења, информации, новости и мислења на нашиот социјален веб портал.

Пред да бидат објавени, сите поднесоци се прегледуваат. Доколку одредени поднесоци содржат навредлива и тендециозна содржина тие нема да бидат објавени.

Овие упатства се однесуваат за сите содржини кои ги објавувате на нашиот социјален веб портал. За да се создаде позитивна средина, следете ги следните упатства. Повремено проверувајте за сите измени и дополнувања кои ќе се случуваат како што ќе се шири нашата мрежа.

Ве молиме:

  • Бидете свесни дека сте во јавност. Информациите што ќе ги објавите на јавните делови од социјалниот веб портал, се видливи за „СИТЕ“, т. е. може да ги види секој што користи интернет. Бидејќи некои информации и податоци се сметаат за лична работа, Вие одлучувате што ќе споделите со јавноста а што во приватни пораки, но претходно мора да бидете регистрирани на нашиот социјален веб портал.
  • Почитувајте го мислењето на другите. Доколку сметате дека е потребно, можете да се согласите или да не се согласите.
  • Однесувајте се етички коректно.
  • Држете се до темата.
  • Фокусирајте се на фактите.
  • Секогаш давајте јасни и обмислени статии или јавни пораки.
  • Бидете фер и информативни.

Неколку зборови за јазикот: Во нашата заедница вулгарности или груб (недоличен) начин на изразување не е соодветен и не е дозволен!

Забрането е:

  • Навредување, вербален напад или закани кон другите.
  • Преправање дека сте некој друг или користење лажен идентитет.
  • Објавување или поставување линк со содржина која е непристојна или на кој било начин неприфатлива.
  • Објавување на содржини кои не се Ваши – доколку немате авторско право или е нечиј личен материјал.
  • НЕ ВЕРУВАЈТЕ во сè што е објавено! Објавата може да биде неточна и несоодветна за Вас и не треба без проверка да се смета како совет.
  • Вклучување, поврзување или промовирање на нелегални активности или содржини.
  • Објавување лични податоци за трето лице без негова согласност.
  • Употреба на јавна порака или статија како можност за навредување, омаловажување и расправија со одредено лице или место.
  •  Објавување или поставување директен линк до која било вулгарна содржина насочена кон трето лице, организација или установа.
  • Влегување во расправија и вербална битка преку страната на karas4training.com.

Запомнете: Сите информации кои се предмет на Ваши објави ги даваат луѓе како Вас. Затоа, не секоја содржина претставува веродостоен и стручен совет. Доколку имате прашања, сакате стручен совет или услуга, тогаш побарајте соодветно лице или место преку нашата социјална мрежа во рамките на социјалниот веб портал и остварете личен контакт за да се уверите во нивната веродостојност.

Karas4training.com ја уредува содржината на сите објави и го задржува правото да ги отстранува оние содржини кои се сметаат за несоодветни. Прекршувањето на овие упатства може да доведе до опоменување, суспендирање или деактивација на Вашиот профил и бришење на сите содржини поврзани со Вашиот профил.