„Златна Рипка” го насмеа Мехмед

Фондацијата за остварување на желби на тешко болни дечиња, “Златна Рипка” со огромна поддршка од Motori.com.mk, Вечер и Bma Brothers ја исполнија првата желба.

Повеќе од 100 моторџии се дружеа со Мехмед, го насмеаа, воодушевија и израдуваа. Возбуден ни раскажа дека моторот е паркиран и е подготвен за да патува до својот дом во Струга. Изненаден колку многу чичковци со големи мотори пристигнале да го поздрават и да му посакаат побрзо оздравување. Верувајте, не можеме да ја изразиме среќата која успеавме да му ја подариме на Мехмед, да го разубавиме неговото секојдневие и да му ги оствариме мечтите. Сигурни сме дека моќта на исполнетата желба е посилна од се’. Имајте убав ден, бидете хумани и секогаш дарувајте насмевки. Не заборавајте дека малите хумани активности, некому значат се’. Фондацијата Златна Рипка верува дека моќта на исполнетата желба е посилна од сè.

Тимот на фондацијата вклучува и лиценциран психолог кој преку разговор и дружење со децата на Клиниката за дестки болести – оддел Онкологија, доаѓа до нивните најголеми желби, аспирации, идоли, а златната рипка им ги остварува. Желбите немаат граници и ќе ги поттикнат дечињата да размислуваат дека ништо на светот не е невозможно. Токму таа надеж и мисла за една остварена желба плус, е она што ќе ги насмее и што ќе овозможи полесно лекување.

Универзитетската клиника за детски болести ја поддржува оваа иницијатива и своевремено смета дека овие хуманитарни активности се многу важен сегмент од лекувањето на децата на одделот на Онкологија, бидејќи будат надеж и верба во подобро утре и полесно справување со деновите поминати на клиниката, а и во својот дом.

Донирајте 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија