И други фантастични совети!

Зашто не треба на децата да им ја пишувате домашната задача…

Еве неколку фантастични совети како да му помогнете на детето да расте и да се развива. Убедени сме дека овие совети ќе ви помогнат да создадете добра врска со вашите деца, а што е поважно од тоа?

Многу е важно секое дете да има слободно време неколку часа дневно каде нема да прави ништо посебно. Амбициозни родители ги тераат своите деца да се социјализираат, а толку активности на децата не им се потребни. Ги зачленуваат во разни спортски клубови, одат да изучуваат јазик и што ли уште не. Многу е важно секој родител да сфати кога претерува со ваквите активности. И на децата им е потребен одмор исто како и на возрасните.

Кога наставниците ќе се обидат да решат некаков проблем поврзан со училиштето родителите секогаш застануваат на страна на децата. Родителите не треба да се плашат дека нивните деца ќе добијат лоши оценки, треба да се плашат нивните деца да не го замразат училиштето и учењето воопшто.

За жал родителите се многу фокусирани на тоа какви оценки ќе добијат нивните деца. На родителските родителите поставуваат прашања за оценките на децата, а многу ретко се интересираат какво е расположението на нивните деца на часовите. Детските чувства се важни и приоритетни, а не нивните оценки.

Запомнете ако вашите деца се мачат со пишување на домашната работа, секогаш има некоја причина за тоа, а нема никаква причина со мрзеливоста. Вистинската причина е недостатокот на мотивација и волја, а ваша задача е да дознаете од каде тие доаѓаат.

Меѓу посериозните причини зашто вашето дете се мачи да пишува домашна работа може да бидат внатрешен притисок, хипертензија, психолошки проблеми како недостаток на внимание и хиперактивно нарушување. И наместо да се мачите зашто детето не може да ја напише домашната, најдете ја причината и обидете се да ја решите.

Запомнете го ова: семајните односи секогаш треба да се на прво место. Оценките треба да се најдат на пониска стапка на листата на приоритетите. Кога вашето дете ќе дојде во тинејџерски години неговата психичка состојба е навистина кршлива. Целото семејство се нервира кога детето треба да полага завршен испит. А како да се избегне ово кошмар или како да се намалат последиците? Најдобриот начин е да се концентрирате на љубов и на основните вредности.

Кога ќе бидат поделени оценките и кога целата нервоза околу тестовите ќе исчезне, единственото нешто што е важно е вашата доверба, разбирање и пријателскиот однос што го имате со вашите деца. Убаво е вашето дете да е ученик со сите петки, но побитно е да го задржите вашиот однос на исто ниво како кога вашите деца биле мали. Можете и треба да бидете подобри родители. Секако можете да имате амбиции за вашите деца, но најважно е да ги сакате.

Извор

Превод: Наташа Г. Илиоска

Бреинобреин едукатор