Забавно и активно лето

Летото е во својот зенит, а децата веќе се одморија и ги наполнија батериите… и сега што? Наместо пасивно дремење пред ТВ и компјутер, може да се пробаат следните активности кои ќе ги размрдаат физички, но и психички. 

1. Пронајди го скриеното богатство

Ако барате некоја активност која ќе им го задржи вниманието на децата барем неколку часа, оваа игра може да биде една опција. Оставете ги да си играат детективи така што додека бараат клучни докази користат логика и резонирање за да се разрешат мистериите. Забавен начин како да се забавувате фамилијарно, а притоа да ги развивате мисловните способности на вашите деца.

2. Игра со препреки

Кое дете не би сакало да се извалка во малку акција? Бидејќи повеќето уживаат во ваквите активности, можете да им овозможите натпревар каде победник ќе биде оној што најбрзо ќе ги помине препреките. Во оваа игра може да вклучите ползење во песок или кал, скокање преку гуми, качување по песочни ридови и слично. Одлична можност да се извалкаат без да им се замери, а и да потрошат нешто вишок енергија. 

3. Заедничко возење велосипед

Поминете квалитетно време со децата и запознајте го градот или пазарувајте на велосипед. Возењето велоспиед е одличен тренинг и можност за забавна активност. 

4. Ден поминат во забавен или аква парк

Доколку имате забавен/аква парк во градот каде што живеете тогаш одлично, време е да го посетите! А доколку сте некаде на одмор тогаш побарајте го најблискиот… Доволно е скокање на трамполина или качување по замоци и нагорнини за децата да се забавуваат, дружат и воедно да го активираат целото тело. А тобоганите и најразличните базени во аква паркот ќе го направат вашето лето многу попријатно. 

5. Посета на спортски натпревар

Се важат натпревари од секакви спортови, кај нас ги има многу, но за жал многу мал дел од нив се промовираат. На овој начин децата дополнително се инспирираат и мотивираат за спорт.

6. Нека играат народна

Една од позастапените улични игри која е поинтересна со повеќе деца, но може да помине и со помалку, битна е забавата и активноста!

 

7. Скокање на јаже

Многу веројатно ова е најевтиниот начин да го натерате вашето дете на активност. Скокањето на јаже е одлично за индивидуалци но и за групна забава. Најдобриот дел од оваа активност е што е здрава за сите генерации. Топи калории, го подобрува кардиоваскуларниот систем и билда мускули.

8. Може и со часови по мечување

Ако вашето дете не е створено за тимски спортови можете да се обидете со еден поинаков спорт како мечувањето. Индивидуален спорт кои им дозволува на децата да ги предизвикуваат своите умови додека се забавуваат. 

9. Планинарење и кампување

Облечете ги планинарските чевли и тргнете по планинарските патеки со вашата фамилија. Планинарењето е одличен начин да истражувате нови места околу градот, да видите нови растенија и птици, а и квалитетно да се испотите. Уште поубаво би било ако можете фамилијарно да отидете на кампување во планина. На лице место, игрите со табла, камперските приказни и проучувњето на природата се добродојдени.

10. Обновете ја градината

Градинарството е интересна активност во која има многу валкање, а тоа децата го сакаат. Им дозволува да си играат со земја и да научат нешто повеќе за различните растенија, тревки и производството. Исто така, им помага на децата да научат како се одржува здравата храна. Децата сакаат да помагаат, па дозволете им да засадат неколку семиња, а потоа да ги гледаат како растат.

11. Кану/Кајак

Освежете се со една вожња на кајак или кану. Можете поделени во повеќе кајаци или цела фамилија во еден кану да повеслате по речните или езерските води. Одлично летно разладување и активност во едно.