Наслов

Ура за напревар!

Натпреварувањата, без разлика за кој спорт станува збор, носат голем број бенефити за вашето дете. Покрај тоа што нудат голема физичка ангажираност и тимска работа, кај некои спортови постојат можности за учење на некои работи кои сигурно не можат да се научат во рамките на училиштето.

Децата кои активно учествуваат на натпревари учат како да поставуваат одредени цели, како да менаџираат со времето за нивно остварување и сето тоа е проследено со стекнување на ментална цврстина, која понатаму би ја имале во секој сегмент од животот.

Се разбира, натреварите имаат и неколку негативни страни, како што се обсесивност за победа, преоптоварувања кои можат да доведат до повреди во понатамошниот дел од животот. Но сето ова може да се анулира доколку тренерот има правилен пристап во работата со децата.

Во секој случај натпреварите нудат обогатување на детето кое не може да се стекне во училишната средина.

Вештини за спавување
Честопати децата во текот на натпреварот се наоѓаат во ситуација каде треба да донесат важна одлука за понатамошниот дел од играта, да смислат некоја стратегија или да превземат одговорност.

Со тоа децата развиваат способност за справување со стресот и работа под притисок која освен во спортот се пренесува во секој сегмент од понатамошниот живот. Па така, децата со натпреварувачки дух ќе работат упорно за да не ги разочараат своите соиграчи, а со тоа и да ја постигнат целта. Натпреварите го учат детето на она што родителите не можат.

Родителите го учат детето на важни животни вештини како учењето, манири, култура, добрина и работна етика. Она што не можат да го научат е како да се справи и повторно да „стане" после поголем пораз. Како во спортот така и животот има свој начин на одземање на победите, притоа нудејќи различни разочарувања.

Затоа, возрасните кои демонстрираат упорност и издржливост се во поголема предност да го надминат поразот. Натпреварот нуди можност за справување и надминување на поразот во сигурна и контролирана средина.

Фитнес и исхрана
Децата кои учествуваат на натпревари се подложни на поинтензивни тренинзи. Со тек на времето самите стануваат свесни за важноста на физичката активност, правилната и здрава исхрана за нивното здравје и се разбира за подобри успеси.

И покрај тоа што голем број деца нема да дојдат до профенсионално ниво на натпреварување, сепак тие и понатаму ќе имаат тенденција да останат фит притоа одржувајќи го физичкото и менталното здравје. Со ова стануваат свесни и се држат подалеку од разни пороци како цигарите и алкохолот и од било какви други деструктивни активности.

Спортски дух
Не треба дерењето на тренерот, реакциите на некои родители, поединци или несоодветни игралишта да го засенат бенефитот од учеството на натпревари.

Натпреварувачите кои демонстрираат смиреност и интегритет стекнуваат почит кај тренерот, родителите, соиграчите и противниците. Поразот (колку и да е тежок) го поттикнува натпреварувачот да се самоиспита и да превземе некоја нова стратегија кон исполнување на целта.

17 Март 2014

За авторот