Три животни вештини стекнати преку спортот

Добро е познато дека бавењето со спорт е од голема важност за вашето дете. Тој ги подобрува кардиореспираторниот систем, силовите карактеристики на мускулниот систем, помага при регулирање и одржување на килограмите, помага при отстранување и превенција на разни деформитети на локомоторниот апарат. Меѓутоа, покрај овие работи улогата на спортот и придобивките од неговото практикување се многу „подлабоки”.

• Поставување на цели

Спортот им дава на децата безбедно место каде што можат да си поставуваат различни цели и притоа да го искусат позитивното чувство при реализирање на истите. Тие можат да се насочат кон подобрување на сопствените резултати и стекнување на доверба во нивните способности. Оваа доверба понатаму ќе им помогне во постигнување успеси во училиште и во нивните лични односи, а ќе им помогне да бидат успешни и кога ќе пораснат.

• Надминување на поразите
Спортот претставува лабораторија за животот.„Најголемата придобивка од бавењето со спорт е тоа што учесниците ќе научат како да го надминат неуспехот или поразот во безбедна и контролирана средина”- Kevin Kush Со охрабрувањето на вашето дете да остане во одреден спорт, спортски тим или било која активност надвор од училиштето, вие го учите како да го надмине неуспехот, што претставува клучна вештина за успех во понатамошниот дел од животот.

• Градење на карактер
„ I’ve failed over and over again in my life. And that is why I succeed”-Michael Jordan. Недозволувајќи му на вашето дете да се откаже тогаш кога се плаши од неуспех или отфрлање од неговите врсници, или тогаш кога е уморен од напорната работа, овозможувате градење и јакнење на неговиот карактер кој понатаму во животот ќе го „избутка” да порасне во успешна и продуктивна личност.