Тенисот се преобликува за најмалите

Тргнувајќи од фактот што 6 годишно дете треба да игра со рекет ист како на Федерер, а богами и на исто игралиште, Американската тениска асоцијација заедно со Интернационалната тениска федерација од пред некоја година направија потег. И тоа делува, и те како!

До пред десетина години белиот спорт немаше направено модификување на димензиите и бројките со што спортот би се направил подостапен за најмалите. 

Во повеќето други спортови веќе многу поодамна се имаат направено измени во големината на игралиштата и пропратните елементи неопходни за игра. Фудбалот ги намали головите, кошарката ги спушти обрачите, но тенисот си остана на своите димензии, без разлика на малите кои сакаат да тренираат.

USTA, тенисерската асоцијација на САД реши да го поправи овој проблем со тоа што почна да наложува помали терени, поспори топчиња и со помалку отскок, модифицирани за најмалите.  

И интернационалната федерација (ITF) започна да ги воведува промените, а сега спортот доживува глобална имплементација на новите димензии и регулативи.

Постојат три различни големини на терени, во зависност од возраста, а направени се и три различни топчиња (во различни бои) кои се користат до 10 годишна возраст. 

  • „Децата сакаат да се чувствуваат компетентни кога пробуваат нешто ново, а никој нема да се забавува ако не се чувстува способен да го направи тоа.“, вели маркетинг директорот на USTA, Су Хант. 

И промените се наидени на позитивен фидбек од децата. Во САД, од 2011 до 2012 е забележан скок од 13% во запишаните деца под 10 години, а има скок за 38% во продажбата на топчињата за млади, како и за 120% зголемување во установите кои нудат тренинг за деца под 10 години. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија