Подучете ги децата како да се справат со стравот од неуспех во спортот

Надминување на стравот од неуспех

Често поставувано прашање е “зошто спортистите го саботираат својот сопствен успех?”, а тогаш проблемот се поврзува со стравот од неуспех. Овој страв дефинитивно предизвикува авто-деструктивно однесување кај спортистите, каде е многу почесто застапен за разлика од стравот од успех.

Стравот од успех или од неуспех ги тера спортистите да тргнат во погрешна насока, притоа чувствувајќи страв, тензија и загриженост за поентирање и постигнување резултати. Сепак, овие стравови имаат различна позадина.

Затоа родителите на своите деца спортисти треба да им укажат дека:

– Не секогаш можат да го добијат она што го сакаат
Спортистите развиваат страв од неуспех кога се грижат дека нема да го добијат она што го сакаат, а за кое напорно работеле за да го постигнат, како на пример да освојат првенство.

Тие развиваат страв од успех кога премногу се грижат за она што доаѓа со успехот во нивниот спорт.

Стравот од неуспех во спортот се манифестира на повеќе начини. Оние спортисти кои се вознемирени или напнати кога се натпреваруваат обично се плашат да промашат. Состојбата се јавува и кај спортисти кои премногу се трудат, што ментално ги тера во погрешна насока.

– Стравот од неуспех треба да се дијагностицира
Не е доволно само да се знае дека спортистите доживуваат страв од неуспех. Поважно е да се знае кои типови на страв ги уназадува спортистите.

Како што може да се забележи од листата подолу, стравот од неуспех често се поврзува со она што спортистите си претпоставуваат дека другите мислат за нив (социјално одобрување).

Знаците за страв од неуспех се:

+ Страв да се изгуби натпревар, трка или игра. Децата премногу сакаат да победуваат и се плашат дека нема да успеат.
+ Страв од негативна социјална евалуација. Спортистите се плашат од мислењето од другите како и од неуспехот во спортот.
+ Страв од посрамотување. Тие се плашат да не се посрамотат пред другите ако не изиграат добро.
+ Страв да ги разочараат другите. Тие не сакаат да ги разочараат другите, обично блиски, луѓе како родителите тренерите и соиграчите.
+ Страв од давање 100%, а добивање нешто помалку од тоа или играње со помал интензитет од максимумот. Тие не сакаат нивната напорна работа, талент и долготрајно тренирање да резултира со ништо.
+ Страв од одбивање, губење на почитта или пак изостанок на одобрување.
+ Страв од правење грешки и имперфектна изведба по вложениот труд.

– Треба да им се помогне за да го надминат стравот од неуспех
За да им се помогне на децата спортисти да го надминат стравот од неуспех најдобро е да се разбере специфичниот страв и од каде тој доаѓа. Ако се земе како пример стравот од посрамотување, тогаш спортистите кои ја имаат оваа форма на страв премногу се грижат што другите мислат за нив. Наместо да играат за себе, тие мислат на туѓите мислења.

Помогнете им на децата да се фокусираат на успехот наместо да се грижат за потенцијалните неуспеси. Многу спортисти со ваков страв се фокусираат на погрешните работи и притоа непотребно ја губат енергијата. Тие повеќе се окупираат да не направат грешка, отколку на пример да ја комплетираат акцијата или гимнастичарската точка. Овие спортисти имаат потреба да си поставуваат помали цели кои ќе им помогнат повеќе да се фокусираат на успехот.

Една опција е децата замислат позитивен резултат пред да го извршат.

Спортистите со страв од неуспех треба да научат како да бидат ефективни наместо перфектни. Идејата е дека вашите спортисти НЕ МОРА да бидат перфектни за да бидат успешни. Тие често сакаат максимално да ги контролираат ситуациите поради стравот од правење грешки.

Затоа треба да разберат дека правењето грешки е нормален дел од спортот. Целта е да веруваат во своите потенцијали за да можат послободно да играат, без да се чувствуваат стегнати и контролирачки настроени.

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија