Наслов

Како до подобра добросостојба на децата за подобри училишни резултати

Совршената формула до која дошле многу истражувачи на ова поле вклучува: Игра, Одмор и Квалитетно време со семејството...

1. Игра

Децата најмногу учат низ игра, па не е зачудувачки што самиот процес им помага да:
● Научат да решаваат разни проблеми;
● Се дружат со свои врсници;
● Научат како да комуницираат и преговараат.

Во времето за игра детето може да посетува курс по цртање, да игра со играчки, да игра на игралиште или пак да спортува со другарите. Тинејџерите може да поминуваат одреден период сурфајќи на интернет. Истражувачите велат дека играта што е доброволно одбрана за сите деца, без разлика на која возраст се, е многу корисна бидејќи преку неа децата развиваат разни вештини, го подобруваат физичкото здравје и ја подобруваат социјалната комуникација надвор од нивното семејство. Експертите тврдат дека на секое дете секојдневно му е потребно одредено време за игра, но истовремено многу деца се лишени од ова задоволство. Една од причините е што децата поминуваат повеќе време во училиште каде наставните програми се не секогаш насочени за едукација преку игра.

Некои истражувања укажуваат дека деца на 12 годишна возраст имаат само два часа слободно време, додека средношколците имаат само 1 час слободно време.
Експертите препорачуваат децата, посебно тинејџерите, да се дружат лично, а не преку социјални медиуми. Исто така се препорачува повеќе време да се воведе за играње во рамки на училишната настава.

Во некои училишта во САД се организираат саеми каде децата изложуваат проекти што ги изработиле во слободно време. Други училишта организираат специјални програми каде децата играат и уживаат во слободното време, а на овој начин им се намалува стресот.

Најдобар пример за промовирање на програма за учење преку игра на државно ниво е Финска, која со одличен план успеа да се искачи на самиот врв на листата на земји кои нудат најквалитетно образование.


2. Одмор

Доколку сакате вашето дете кое има интензивен училишен распоред да биде совршено здраво, психички и физички, потребно е во текот на денот да му создадете средина во која ќе може да се одмори и да го поткрепи учењето кое го очекува наредниот ден.

Во овој период децата можат да читаат книга, да слушаат музика, да гледаат телевизија, да шетаат во природа или едноставно да лежат и да одмараат.
Одмарањето преку кратко спиење е добредојдено за сите генерации не само за децата. Децата што се на возраст од 6 до 13 години треба да спијат 9 до 11 часа ноќе и половина час дење.

На тинејџерите им е потребен 8 до 10 часовен сон. Покрај сите активности што децата ги имаат секојдневно ако се одмараат доволно ноќе и преку ден ќе бидат многу повеќе продуктивни.

Со цел децата да бидат попродуктивни во училиште се препорачува да се воведат повеќе активности каде децата ќе се одмараат и повеќе паузи во текот на наставата.
Во модерното време на дигитална глобализација, кога компјутерите стануваат секојдневие, се поголем број на експерти се залагаат за учење преку игри. Еден таков пример е апликацијата MindSnacks, која им овозмочува на децата, но и на возрасните, учење на нов јазик преку игра.
 

3. Квалитетно време со семејството

Семејството има најголем ефект врз психолошкиот развој на секоја индивидуа. Затоа е многу важно детето да поминува одредено време со членовите на семејството во текот на денот. Тоа е време кога вачето дете се чувствува заштитено и сигурно. Дете кое поминува повеќе време со своето семејство се чувствува посигурно и сакано. Последните истражувања докажале дека децата што почесто ручале со сите членови на своето семејство се посигурни во себе и генерално се позитивни личности што ги ценат семејните вредности.

Децата што поминуваат повеќе време со своето семејство се помалку изложени на ризици како зависност од дрога и алкохол детска деликвенција. Кај овие деца е многу пониско и нивото на случаи со депресија и асоцијално однесување.

Други истражувања покажуваат дека семејсните ритуали и традиции се поврзани со позитивно ментално здравје и позитивно формирање на идентитет кај тинејџерите.
Ако имате еден ден во неделата каде заедно гледате филм или во сабота наутро пешачите заедно или навивате за вашиот омилен тим, сите овие семејни традиции ќе помогнат вашето дете да ја изгради потребната врска со целото семејство што му е потпора во животот.

Како можат училиштата да помогнат за децата да поминуваат повеќе време со семејството? Наставниците можат да даваат помалку домашни за време на распустите и празниците, со цел децата да поминат повеќе време со своите најблиски.
Вашето дете заслужува да биде среќно и да го доживее времето поминато на училиште како искуство кое ќе му помогне да се изгради како личност во закрила на своето најтесно семејство.

Дозволете ни да ви покажеме зошто Brainobrain методологијата функционира како успешен систем кој директно ја подобрува физичката и психичката состојба на вашето дете а воедно и го поврзува времето поминато меѓу училиштето и семејството во една силна единка.

Бреинобреин Европа

20 Април 2017

За авторот