Само за деца

Создаваш вежбална за спортско качување и болдер на вештачка карпа која што може да послужи за некој шампионат (толку е голема) и ја правиш единствено достапна за најмалите, за тие да бидат центарот на вниманието. Така се гради младина.

Вежбалната за спортско качување која е во склоп на Академијата Мидвест во Минеаполис претставува огромно игралиште составено од вертикални ѕидови, болдер елементи, целосно амортизиран под и скриена болдер рута која води до кафетеријата која е во „сопственост“ на најмалите. 

Возрасната граница за качување е 19 години, а повозрасните инструктори се таму единствено да ги покажат основите на спортот и да ги водат младите ѕвезди на шоуто. 

Идејата за децата и младите да бидат централен елемент за време на вежбањето произлегува од потребата тие за себе да изградат еден позитивен идентитет и повисоко ниво на социјализација со своите врсници.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија