Рекордот во скок во далечина претставен преку наредени дечиња

Сте се запрашале ли како изгледаат неверојатните 8,95 метри што ги прелета Мајк Пауел на 31 август 1991 година на атлетскиот шампионат во Токио преточен во наредени дечиња. Еве ги, приближно 24 просечни малишани седнати едно до друго.

Рекордот на Пауел стои веќе 24 години цврсто на тронот затоа што да се прелетаат волку дечиња е навистина инзвонреден потег вреден за спортска историја.

Инаку Мајкл Пауел е човекот што го држи и најдолгиот поништен скок во далечина, 8,99 метри поради ветерот кој дувал во неговиот грб од (+4,4) на натпреварување во Италија 1992 година. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија