Пиколино
Рецепт за домашна санка
Во исчекувањето на првиот снег расте нетрпеливоста кај нашата екипа. Ние решивме да засукаме ракав, да загрееме бургија и да ги израдуваме најмалите ПИКОЛИНОВЦИ со еден рецепт за домашна санка. Татковци Вие сте на потег!
- -Борд даска
-Две летви од 40 см
-Еден наслон од стара столица
– Штрафови
-Рачки за фиока - -1 метар јаже
- –Duct tape
Прв предуслов е да имате или најдете стара Сноуборд даска која ќе треба да ја пресечете на половина. Ова важи и за столицата.
Двете рачки се зацврстуваат на работ од наслонот од столица и се фиксира на двете летви (како на сликата) кои се прицврстуваат на средина од пресечениот борд. Останатото ќе ви текне само по себе.
Ослободете ја својата креативност и внесете свој идентитет и оргиналност во санката. Сигурно пиколиновците ќе го пречекаат со насевка вашиот труд. Засукајте ракав, кај и да е ќе падне снег!