Придобивки од бавењето со физичка активност кај децата со дијабетес

Со физичка активност против дијабетот кај децата

Дијабетесот не треба да претставува пречка за вашето дете да се бави со спорт или пак да се натпреварува. Постојат врвни спортисти кои што исто така се справуваат со дијабетот. А истото правило за здравје важи и за дечињата со дијабетес, односно, дека тие се поздрави и уште подобро се справуваат со нивната состојба доколку се бават со некој спорт или пак обавуваат било каква физичка активност.

Еве неколку бенефити кои се подеднакво важни за сите деца:

  • Подобрување на здравствениот статус – вежбањето ги зајакнува коските и мускулите, го подобрува кардио-респираторниот систем, го намалува ризикот од срцеви заболувања и појава на некои видови на канцер.
     
  • Подобрување на физичките способности – со практикување на физичка активност децата можат да ја подобрат координацијата, балансот, силата, издржливоста, паралелно зголемувајќи го и нивото на енергија.
     
  • Подобра реакција на инсулинот и контролирање на нивото на шеќер во крвта – вежбањето помага за подобра работа на инсулинот во организмот, овозможувајќи стабилно ниво на шеќер во крвта кај децата со дијабетес.

  • Одржување на телесната тежина – покрај правилната исхрана, за да ја постигнете посакуваната тежина потребна е и физичка активност. Со вежбањето се согоруваат масти, се оформуваат мускулите и сето тоа придонесува за согорување на повеќе калории. Кај децата со дијабетес, со намалување на мастите се подобрува активноста на инсулинот, а со тоа се добива нормално ниво на шеќер во крвта.
     
  • Подобрување на самодовербата и социјализација – физичката активност и спортските игри му овозможуваат на детето да стекне подобра социјализација (подобри социјални вештини) и да стекне самодоверба. Детето може да пројави заинтересираност за различни спортови како што се фудбалот, кошарката, пливањето возењето точак што позитивно ќе влијаат на подигнување на самодовербата, социјализација, негово прифаќање од страна на врсниците и оформување на позитивна слика за самиот себе.
     
  • Ментална стабилност – вежбањето предизвикува ослободување од стес и намалување на тензијата, овозможува релаксирана состојба и го подобрува расположението.