Предшколско имунолошко бустање

Кога помасовно се јавуваат ушните инфекции, стомачните вируси и црвеното грло, веројатно се прашувате дали започна биолошката војна или тоа е последица од новата школска година.

Како родители на мали деца, сигурно овие сценарија многу добро ви се познати, но овој проблем ги вклучува и другите во блиската околина. Наставниците, родителите на тинејџери и сите други што посетуваат некакви часови, мораат да се чуваат од бактериите и вирусите што се присутни по школите.

Ако сеуште не ве погодиле, имате идеална шанса за превенција. Во продолжение можете да си прочитате неколку совети за природно подигање на имунитетот, така што фамилијарно ќе се подготвите за борба против најразличните болести што ве демнат во овој ризичен период од годината.

+ Ревидирајте ги хигиенските основи
Децата понекогаш се толку заиграни што забораваат да си ги измијат рацете. Сега е правото време да ги потсетите на важноста да се мијат рацете пред оброци, и по секоја посета на тоалетот. Но бидете сигурни и да не претеруваат со миењето, бидејќи и тоа си носи негативни последици на имунитетот.

+ Додадете боровинки во утринските оброци
Сега е сезоната на ова бобинесто овошје, а кај нас го има во изобилие по околните планини, продавниците и пазарите. Се што треба да направите е да ги набавите и да ги додадете на секој појадок. Многу едноставно, а прави огромна разлика. Да не ја потцениме антиоксидантната моќ на овие мали модри топченца. Всушност, кај боровинките е измерен повисок антиоксидантен капацитет (повисок резултат на ”ORAC”) во споредба со повеќето овошја и зеленчуци. Доколку сакате да смените, можете да ја погледнете листата и да ги набавите оние што котираат повисоко.

+ Намалете ги рафинираните јагленохидрати и шеќери
Кога работите на подигање на природниот имунитет, од еднаква важност е да ги избегнувате негативните продукти како што ги додавате позитивните. Рафинираните јагленохидрати и шеќери ги хранат лошите бактерии во цревата и доведуваат до воспаленија. Во овие продукти влегуваат паста и леб од бело брашно, торти, чоколади, бомбони, како и газираните напитоци.

+ Вежбајте повеќе!
Охрабрете ги вашите деца што поскоро да се вклучат во спортските тимови. Ако тимските спортови не ги интересираат, бидете сигурни дека секој ден поминуваат доволно време во активни игри. Во истражување од 2012 година од страна на Британското списание за спортска медицина, се открива дека зголемувањето на физичката активност е обратно пропорционално со настинките во зимските месеци.