Пливаат дечињата на Делфина

Околу 300 дечиња од Охрид доаѓаат на часови по пливање во пливачкиот клуб Делфина 2012. Тие освен што се разладуваат и уживаат во водата, учат и ги усовршуваат техниките на пливање кои што во иднина можат далеку да ги однесат, доколку се одлучат на посветена пливачка кариера.

Цел на тренингот:

– дишење во вода;
– координациски движења со раце и нозе;
– координациско поврзување на раце, нозе и дишење;
– учење и усовршување на техники и стилови.