Пет активности што можете да ги правите со вашите деца во природа

Кои се вашите најдраги спомени од детството? Сигурно тоа се спомени поминати надвор во природа со вашите другари.
Но денешните деца се преокупирани со други активности, фудбалски тренинзи, компјутерски игри, телевизија, па лесно им е да заборават на обичните активности како прошетка во парк.

Во суштина активностите и игрите во природа се едукативни, забавни и економични. На пример ливчињата од цветовите множат да им послужат на малите математичари за броење. А виножитото може да претставува одлична инспирација за младите уметници. Затоа злезете со вашите деца надвор и уживајте во следниве активности.

1. Направете маска од лисја.
Прво прошетајте се и соберете лисја.Нацртајте маска на картон во каква и да сакате форма. Нацртајте очи и пресечете го картонот. Дупнете две дупчиња од страна на маската за д аможете да врзете ластиче што ќе ја држи маската. Децата нека ги залепат лисјата на маската. Почекајте лепилото да се исуши и маската е готова за употреба.

2. Одете на сафари каде ќе разнесувате семиња
Станува збор за семиња на кои им е потребна вистинската околина за да пораснат. Затоа облечете чорапи над чевлите и тргнете во сафари во најблиската шума. На тој начин ќе соберете семиња од шумата и ќе ги разнесете на други локации каде ќе можат да пораснат.

3. Закопајте богатство
Охрабрете ги вашите деца да нацртаат мапа со богатство. Богатството треба да се скрие и на мапата да се означи со Икс (X). Оваа активност може да ја направите во вашиот двор или во дворот во градинката или во училиштето.

4. Станете набљудувачи на облаци
Поминете едно попладне во гледање на облаци на небото. Обидете се да ги анализирате и да ги препознавате во разни облици од секојдневниот живот. Потоа охрабрете ги децата да земат еден лист да го нацртаат за нив најинтересниот облак и да залепат топчиња памук врз цртежот.

5. Мерете ги нештата со стапчиња
Во дамнешно време луѓето немале метро за да мерат разни предмети. Тие се служеле со стапчиња и со камења. Па така може да им дадете задача вашите деца да си ја измерат собата со неколку стапчиња. Или можат да го измерат дворот и колку е тој долг со поставување на неколку поголеми камења.

Наташа Г. Илиоска

Бреинобреин едукатор