Степ, Степ Стапалца

Неколку информации за детското стапало

Во денешно време има голем број на фирми кои произведуваат облека и обувки за деца што гарантираат сигурност, удобност и навистина е тешко да се направи правилниот избор. Постојат нeколkу факти што треба да ги знаете за карактеристиките на детското стапало, а ќе ви помогнат при изборот на вистинските обувки.

  • Критичен период за правилен развој на детското стапало е од доенче до 4-ри годишна возраст.
  • Коските кај бебињата се составени од ‘рскавица, истата флексибилна материја од која се составени ушите и носот.
  • Обувките кои се премногу груби и тесни можат да го сменат обликот на стапалото кај детето.
  • 70% од проблемите на стапалата се појавуваат како резултат од носење на несоодветни обувки.
  • Детското стапало се развива се до 18-тата година.
  • Детското стапало расте периодично, па може да треба обувките да се менуваат на секои 3-4 месеци.

– При раѓањето, стапалото на новороденчето е меко и флексибилно, исполнето со масти. Мастите помагаат да се амортизираат ударите и го штитат стапалото, меѓутоа кога ќе почнеме да одиме стапалото почнува да ја менува својата форма. Во овој период клучна улога имаат обувките.

– Покрај мастите, и коските на новороденчето заедно со мускулите, лигаментите и тетивите се исто така неверојатно меки и совитливи. ОВА ИМА И ДОБРА И ЛОША СТРАНА. Добрата е тоа што доколку детето е родено со деформитет на стапалото не треба да се оперира. Обична протеза може да го „избутка” во правилна позиција. Лошата страна пак е тоа што доколку се направи лош избор на обувки може да дојде до појава на деформитети.

Затоа не брзајте во купување на обувки за вашето дете барем додека не прооди (11-тиот до 15-тиот месец). Охрабрувајте го детето да оди босо, особено по нерамни површини како на пример вашиот двор, парк, песок со што би се поттикнал правилниот развој на мускулите и лигаментите на нивните стапала, заедно со балансот.

Внимание треба да се обврне и на чорапите кои исто така можат да придонесат во создавањето на деформитетот лимитирајќи го движењето на прстите, а со тоа да ја намалат можноста за правилен развој и движење на прстите на стапалото и развој на мускулите. Па според ова чорапчиња треба да се носат само кога се носат обувки, во спротивно, детето треба да поминува што подолго време босо.

Би сакала да напоменам дека ова се општи совети и информации за децата и правилниот развој на нивните стапала и дека за било какви поконкретни информации треба да се консултирате со стручно лице.