Наслов

Научно докажано: Како да се одгледуваат деца

Можеби сте ги однеле децата во забавен парк, одлично сте си поминале таму, тие имаат среќни лица и на пат накај дома бараат да застанете и да јадат сладолед. Вие одбивате и почнуваа да врескаат дека нив не им е дозволено да прават ништо.

...Или кога ќе ги замолите да ја избришат прашината откако вие сте ја поминале со правосмукалка цела куќа, сте го исчистиле купатилото, сте ја искосиле тревата, сте биле во продавница по намирници, а тие ви велат: „Дали мора ние се да правиме?"

Децата понекогаш го имитираат нашето однесување, па затоа мора да бидеме добри примери за нив.

Па така кога следниот пат седите во ресторан и децата се жалат дека се гладни и долго ја чекаат нарачката и го обвинуваат куварот, треба да им објасните дека има многу гужва и дека персоналот се труди да ги услужи сите гости.

Многу е важно кога децата обвинуваат некого да ги ставите во улога на таа личност и да се запрашаат како истата личност се чувствува. На тој начин децата ќе почнат да размислуваат и за другите луѓе и нема да бидат фокусирани само на себе.

Клетвата на палачинките со чоколадо

Во сабота наутро им правите палачинки на вашите деца. Вашите дечиња јадат и веднаш почнуваат да се жалат зашто нема парченца чоколадо во палачинките. Психолозите што се занимаваат со истражување на однесувањето на луѓето оваа појава ја нарекуваат хедонистичка адаптација што во суштина претставува навика на нешто во кое се ужива.

Што ова значи за децата и за родителите? Ако децата се навикнати некој постојано да им ја чисти собата и да им го мести креветот или да ја поставува масата, тие секогаш тоа ќе очекуваат да го прави некој друг.

Шест годишно девојче поканило другарче на преспивање, а девојчето наместо да си игра цело време шетало низ куќата. На крај девојчето прашало: „Дали ова е мини-куќа?". А мајката одговорила дека тоа е нормална куќа каде што тие живеат. Девојчето во суштина живеело во многу поголема куќа и никогаш предходно не било во куќа на еден спрат затоа и толку чудно се однесувало.

Ова може да се објасни и со следниов пример. Ако сите деца во училиштето носат патики од 120 долари, децата ќе мислат дека е тоа нормално, не зашто тие се мали снобови туку затоа што тоа го гледаат секој ден.

„Кога ќе ги пратиме нашите деца во приватни училишта доаѓаат во контакт со деца што велат дека на зимски одмор одат во Аспен, а потоа нашите деца мислат дека тоа треба сите да го прават", вели татко на три деца од Такома Парк САД.

Па затоа мораме постојано да им повторуваме на децата: „Знаеш дека тоа не можат да си го дозволат сите семејства". Со цел децата да спознаат што повеќе од светот овој татко ги носи да волонтираат во локалната јавна кујна.

Некои родители како поттик користат пари за нивните деца да ја наполнат или испразнат машината за садови. Но некогаш децата ќе одлучат дека не им требаат пари и нема да ја завршат работата. Има деца што можат да се пазарат со родителите и да бараат повеќе пари за да донесат намирници.

Психолозите препорачуваат децата да помагаат во домашните обврски без да добиваат некаква надокнада за тоа. Јасно е дека чистењето на купатилото не е забавно за никого, но ако сите се фатат за работа целата куќа ќе биде чиста за кратко време. Во чиста куќа со топли срца се одгледуваат великодушни деца.

07 Март 2017

За авторот