Мечувалски од најрана возраст

Децата со спортување добиваат уникатна социјализација, самодисциплина, почитување на противникот, спортско однесување.

Мечувањето е олимписки спорт, застапен уште од првата Олимпијада. Се работат три дисциплини: меч, флорет и сабја во машка и женска конкуренција. Опремата за мечување се состои од: маска, пластрон (заштитно одело), бермуди, ракавица и долги бели чорапи. Со ова мечувалците се комплетно заштитени и нема можност од повреди. Интересно е што со мечување можете да се бавите и во своите подоцежни години.

Мечувалечки клуб Ескрим започна со работа со идеја да ги вклучи во овој спорт најмалите возрасни групи. Овој спорт допринесува многу за правилен раст и развој на младите. Физички развој и развој на когнитивните (мисловни) функции се базата.

Со мечување развиваме: задржување на внимание, брзи рефлекси, брзо донесување на одлуки, комплексни одлуки, баланс, ориентација, развивање на крупна и ситна моторика. Децата се учат како да се однесуват и кога губат, но и кога победуваат. Најмалата категорија на мечувалци сите овие работи ги совладуваат низ адаптирани спортски игри. Профилот на еден мечувалец е: добра стратегија, издржливост, брзина, баланс, концентрација и остар ум.

Ова е спорт кој топло го препорачуваме за сите возрасни групи, мажи и жени, посебно за децата кој ќе ги оформи како еден комплетен спортист.