Read and Ride

Наслов

Нека децата бидат истовремено паметни и здрави

Креативната идеја која ја добил Scott Ertl додека возел стационарен велосипед денес е една од револуционерните програми, која ја имаат имплементирано повеќе од 30 држави во САД.

Едукаторите низ целиот свет се повеќе го одобруваат и практикуваат овој тренд.

Возењето стационарен велосипед паралелно со читање на омилена книга или лекција, како и ластици под клупи, наречени Bouncy Bands, и пилатес топки за вежбање кои се користат како столици се појавуваат во училниците исто така.

Можностите од оваа мултитаскинг програма се забележителни. Децата се здобиваат со редовна умерена физичка активност, се намалува анксиозноста, стресот, фрустрацијата и хиперактивноста кај децата. Во исто време преку интересен и забавен начин се потикнува писменоста и читачките вештини кај децата.

 

Детска академија "Бреинобреин Европа"

24 Август 2015

За авторот