Lil’B гори сè што оди под скејт

Бенет Шварц ака Lil’B на 10 години е веќе докажан ултра талент на скејт сцената во САД, а кој допрва ќе растура и на светско ниво. Па погледнете како се движи неговиот напредок. 

Бенет Шварц ја започнал својата љубов со скејтбордот на 5 години и од тогаш тие се неразделни. Плус ја имал таа среќа што неговите родители го поседуваат скејт паркот GardenSk8 Indoor Skatepark во Њу Џерси каде може да вежба колку што му душа сака.

Но скејт паркот не е единственото место кое тој го владее. Тука се и улиците кои профи ги маневрира, а на 9 години направи обратно вртење за 360 на мега рампа. Кога ќе ги погледнете видеата ќе ви стане јасно колку тој всушност се забавува, што само ја потврдува неговата детска искрена љубов кон скејтањето.

И се разбира, со тоа што живее во САД веќе имал шанса да се испроба како модел и како актер, особено кога се појавил во епизода (сезона 5, епизода 5) на култната серија 30 Рокфелер (30 Rock).

Други интересни факти за Lil’B се:

Омилен скејтер му е Џон Кардиел.
Омилен трик му е Front rocks.
Трик кој допрва сака да го научи е McTwists.
Омилено место за скејт му е скејт паркот на неговите родители.
Други спортови со кои се занимава се Борење, Фудбал, Безбол и Лакрос.
Омилен цртан му е Бивис и Батхед. 🙂
Омилен предмет во школо се разбира, физичко.
Неговиот татко го научил да скејта чиј прекар е “The Bossman”.
Сака сè што е поврзано со скејт.
Покрај другарите, обично скејта и со Вин Дизел, Лил Вејн, Џејк Браун, Крис Кол и многу други.
Се разбира кога ќе порасне сака да биде про скејтер.
А омилена песна му е “Cleaning Out My Closet” од Еминем.