Наслов

Колку е добро децата од предшколска возраст да ги разбираат нивните емоции

Истражувањата покажуваат дека е добро децата да почнат да покажуваат разни емоции од рана возраст.

Според некои истражувања децата на предшколска возраст што учествувале во разни програми каде се работело на поттикнување на емоциите, се помалку агресивни и нервозни и полесно се снаоѓаат со секојдневните проблеми. Во суштина кога децата ќе научат сами да се смируваат, кога ќе научат да употребат точни зборови за да ги опишат своите чувства и кока ќе знаат да се однесуваат грижливо кон другите луѓе, тие поставуваат здрави основи за успешна иднина.

Родителите и наставниците во градинка можат да допринест многу за децата во предшколска возраст да се развијат правилно.

Што можат да направат родителите и наставниците за децата

1. Да се именуваат емоциите
Родителите и наставниците треба прво да научат да слуаат, исто како што терапевтот ги слуша неговите пациенти. Малите деца и децата од предшколска возраст имаат лимитиран вокабулар, но затоа родителите и наставниците ќе треба да го следат нивното реагирање, без разлика дали тие викаат, плачат или се повлекувааат во себе и ќе треба да им помогнат да ја именуваат емоцијата што ја чувствуваат.
„Ти си лут. Малото братче ти ја скина фотографијата и сега ти си лут".

2. Да се нормализираат емоциите
Емоциите не треба да се класифицираат како добри или лоши. Силните емоции можат да ги уплашат децата, затоа треба да им се помогне на децата да ги нормализираат емоциите. Треба да им се покаже дека секој се чувствува луто, тажно или уплашено понекогаш. Откако детето ќе се смири малку потсетете се што се случило и прашајте го како се чувствувало. Потоа потсетете го дека секој, па и вие некогаш се чувствувате така во одредена ситуација.

3. Развијте стратегија
Не можеме да контролираме како ќе се чувствуваме, но затоа пак можеме да контролираме како ќе ги искажуваме нашите емоции.
Еве една популарна песна со совети од образновна емисија на Пи-Би-Ес: „Кога си лут и сакаш да рикаш како лав, земи воздух и број до 4. Прво речи извини, потоа прашај како да помогнеш". Со слични совети може да им помогнете на децата да ги контролираат своите емоции. Ако неко дете се однесува агресивно, научете како да го искаже бесот со зборови како : „Кога сум лут, не смеам да го удрам брат ми, можам да удрам со ногата силно на земја". Или може да искомбинирате емоција заедно со здрав начин на исхрана. „Некогаш кога сум нервозна јадам здрава храна или си легнувам за да се чувствувам подобро".

4. „Читајте" сликовници
Заедно со вашето дете гледајте сликовници и создавајте приказни. Кога нешто весело, тажно или страшно се случува направете пауза и дискутирајте малку за таа илустрација. Прашајте го детето како се чувствува ликот од сликовницата, гледајте ги фацијалните експресии и зборувајте за нив.

5. Вежбајте со детето како да биде повнимателно

Во суштина треба да се седи мирно околу една минута и да се забележува што се случува околу вас. Треба да се следат звуци, мириси и слично. Секојдневно со вашето дете или ученици вежбајте и седете 60 секунди и потоа зборувајте што секој од вас видел и слушнал. Можете и да практикувате тивки прошетки во паркот или во соседството.

Важно е децата да знаат да ги препознаваат емоциите исто колку што е важно да се научи азбуката.

 

Brainobrain Europe

 

07 Март 2017

За авторот