Кога мајката ќе смисли сè за своето дете

Родителската љубов ги поместува границите. Има многу случаи каде тие направиле натчовечки напори или пак дошле до генијални идеи само за да видат една искрена насмевка на лицето на своите чеда. За првите веќе напишавме, а овој случај е од вторите.

Една мајка чие дете е оболено од детска парализа, смисли појас за одење поради тоа што веќе не можела да го гледа своето дете само во инвалидска количка.

Деби Елнатан, музички терапевт од Велика Британија, му подари на своето најмило, синот Ротем, но и на многу други деца низ светот со слична состојба, можност да го гледаат и почувствуваат светот од поинаква перспектива.

Докторите му ја објасниле ситуацијата на Ротем кога тој имал само две години. За Деби изјавата дека нејзиниот син нема да има свест за своите нозе толку ја погодило што од бол и очај решила да смисли појас кој ќе му помогне да ”оди”.

Дизајнот на појасот им овозможува на децата да стојат исправено, а врзувањето е за возрасна особа која оди заедно со нив, благодарение на специјално изработените дупли сандали за родителот и детето.

Идејата за појасот кој се нарекува ”Upsee” ја реализираа тим на дизајнери, инженери и терапевти од компанијата „Leckey”, која што се наоѓа во Северна Ирска, и тимот „Firefly”.

Појасот ќе биде во продажба од 7ми април годинава. 

Прекрасно е чувството кога ќе видите насмевка на нивното лице и среќа кога прават едноставни работи како шутирање топка или играње со деца, што предходно им претставувало проблем”, вели Клер Канал, менаџер за клинички истражувања во „Firefly”.

Овој појас краткорочно го подобрува квалитетот на живот на семејствата со дете кое боледува од церебрална парализа, но многу е важно што на долг рок, тој е многу значаен за тоа како детето понатаму ќе се развива физички и емоционално.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија