Кофеин? Не благодарам.

Како родители се разбира никогаш не сте помислиле да му дадете на вешето дете да пие кафе, меѓутоа треба да знете дека голем дел од безалкохолните пијалоци содржат кофеин. Храната и пијалоците во кои има кофеин се насекаде околу нас и затоа треба конзумирањето да се сведе на минимум.

Каков ефект има кофеинот кај децата?

Кофеинот е стимулант кој има еднаков ефект кај децата и кај возрасните, а кој природно се создава во листовите и плодовите на многу растенија. Меѓутоа истиот се создава и по вештачки пат и се додава во одредени производи. Кофеинот се дефинира како „дрога” поради стимулативниот ефект на централниот нервен систем.
Конзумирање на големи количини кофеин може да предизвика:

• анксиозност
• проблеми со стомакот
• главоболки
• проблеми со концентрација
• проблеми со спиење
• зголемено срцебиење
• зголемен крвен притисок

Особено кај малите не се потребни големи количини за да се предизвикаат овие ефекти.

Други причини зошто да го редуцирате конзумирањето на кофеинот кај децата се:

• Најчесто пијалоците со кофеин содржат „празни калории” (калории кои не обезбедуваат никакви хранливи материи), па со нивно конзумирање децата не внесуваат витамини и минерали кои им се потребни со што се изложуваат на ризик од нутрициски дефицит. Децата кои пијат многу газирани пијалоци (а со тоа се започнува најчесто помеѓу трето и осмо одделение) може да имаат недоволен внес на калциум кој е потребен за изградба на цврсти коски и заби.

• Конзумирањето на големи количини засладени пијалоци со кофеин може да биде причина за појава на кариес, поради големата количина на шеќер и ерозијата на забната глеѓ поради киселата средина.

• Кофеинот е диуретик кој предизвикува телото да ја елиминира водата (преку урина), па поради ова може да настане дехидрација. Точната количина на кофеин што може да предизвика дехидратација не е позната, па затоа, најдобро е неговиот внес да се сведе на минимум.

• Кофеинот може да предизвика и одредени срцеви и нервни пореметувања за кои децата може да не се свесни.

• Меѓутоа бидете внимателни!!! Наглото исфрлување на кофеинот од секојдневието исто така може да предизвика следниве симптоми: главоболка, болки во мускулите, привремена депресија, раздразливост. (Се разбира ова повеќе важи за возрасните кои веќе се навлечени на кафе и енергетски пијалоци)

• Кофеинот е стимулант и поради тоа може да предизвика нарушување на апетитот кај децата. Доколку кофеинот го нарушува апетитот за време на адолесценсијата тоа може да се афектира на растот и развојот на детето.

Една работа која не треба да ве плаши е тоа дека кофеинот нема директно влијание на растот. Иако научниците биле загрижени дека кофеинот може да го попречи растот, сепак тоа не е подджано преку истражување.