Како технологијата и видео игрите влијаат врз мозокот на децата?

“Здраво дечиња, дома сум!” – Влегуваш дома после тежок ден во канцеларија, со насмевка на лицето за да ги поздравиш сите. “Многу сум среќна што ве гледам.” – Тишина. Никој не погледнува во тебе. Сите се хипнотизирани од екраните. Ќерка ми нервозно се допишува, син ми игра видео игра, помалата ќерка гледа цртан на YouTube.

“Ги изгубив децата. Мозокот им е испран од екраните.” – Седнуваш, земаш длабок воздух. За да се одмориш, отвараш Facebook или проверуваш меилови. Всушност, се приклучуваш во групата на зомбиња окупирани од технологијата.

Порано, во нашето време едвај постоеа електронски апарати. Денеска децата поминуваат 7 часа на некаков електронски апарат според истражувањето на Американската Академија за педијатрија, а 97% од возраста помеѓу 12 и 17 години играат видео игри.

Дали мозокот на нашите деца е во опасност? Или не? Ако електронските играчки се ментално злонамерни, зошто нашите деца се толку среќни? Но, доколку им ги земеме тие играчки, нашите деца ќе полудат, како зависници!!!

Докторката Дафне Бавелиер, која е научник во областа на човековиот мозок, направи истражување за играта “Call of Duty”. Нејзиното истражување покажа дека мозокот на децата што играат покажуваат активност во повеќе региони во мозокот, што покажува многу – и изненадувачки – визуелно-просторни бенефиции во области како перцепција, внимание, менување на задачи, ментална ротација, мозочна пластичност, учење, краткорочна меморија, стисната острина, контраст на чувствителност и перцептивни процеси на одлучување.

Бавелиер не е поодалечена од другите истражувачи, бидејќи и тие се согласуваат со нејзините резултати. На пример, во студијата во 2013 година, истражувачите откриле дека децата што играат видео игри покажале пофлексибилен начин на размислување и побрзо време на реакција за разлика од тие деца што не играат видео игри.
Се развиваат две визуелно-просторни способности : внимание и способност за ментална ротација – кои се повеќе развиени кај машките отколку кај женските. Ова обезбедува момчињата да се развиваат во полето на математика и инженерство.

Дали видео игрите ги прават децата насилни?
Мислењата се разликуваат во голема мера за ова прашање.
Психологот, Крег А. Андерсон, критичар за видео игри, спроведе студија во 2010 која покажува врската помеѓу изложеноста на насилни видео-игри и зголемувањето на агресивното однесување, како и помала емпатија меѓу гејмерите. Повеќе истражувања се спроведени од различни истражувачи кои го потврдиле фактот дека видео игрите ги прават децата насилни, што доведува до агресија и насилство во училиштата, како и надвор од тие простории.

Но, научниците не се согласуваат. Психологот Кристофер Ј. Фергусон верува дека податоците во рамките на студиите кои ги поврзува видео игрите и насилството се неправилно анализирани. Тој тврди дека ова истражување ги игнорира важните општествени фактори – како ментална здравствена состојба и семејната средина – кои можат да предизвикаат насилство, додека се обвинуваат игрите. Неговото плодно истражување го поддржува неговиот заклучок дека факторите како депресија, асоцијални особини на личноста, изложеност на насилство во семејството, како и влијанието на врсниците, предизвикува повеќе насилство, него игрите.

Која е штетата?
Дали видео игрите ја уништуваат визијата, вниманието и импулсивната контрола?
Всушност, спротивното е точно, во согласност со научникот Бавелиер. Таа наведува многу докази дека електронските играчки му помагаат на мозокот да гледа подобро, дури и да го подобри вниманието.

Дали играњето видео игри создава зависност?
Доколку сакате да ги избегнете негативните ефекти од видео игрите, постојат игри кои не вклучуваат насилство и се подобни за вашите деца како: Лего, Тетрис, Minecraft, како и други игри кои го развиваат мозокот на вашето дете.

Теодора Васиљевиќ – Бреинобреин едукатор