Наслов

Како родителите да не го пренесуваат нивниот немир врз своите деца

Децата чии родители отворено манифестираат нервоза и вознемиреност имаат поголеми шанси и тие да почнат да се однесуваат како нивните родители. Но постојат начини со кои може да се спречи родителите својот немир да го пренесуваат врз своите деца.

Истражувачи на чело со професор Голда Гинсбург соработувале со 136 семејства. Секое од семејствата имало барем по еден родител кај кого е дијагностициран психичко нарушување, најчесто немир и вознемиреност. Во секое од семејствата има и деца на возраст од 6 до 13 години кај кои не е дијагностицирано никакво психичко нарушување.

Половина од семејствата оделе на терапија што траела осум недели, додека на другата половина од семејствата само им е поделен прирачник за тоа како да се справуваат со немирот и вознемиреноста.

По една година само 5 отсто од децата чии семејства оделе на терапија биле дијагностицирани со психички немир. Тој процент кај децата од семејствата што добиле само прирачник за тоа како да се справуваат со нарушувањето бил 31 отсто.

„Знаејќи дека психичкиот немир може да растури семејства, сакавме да одговориме на главното прашање, дали може да спречиме родителите со вакво нарушување да го пренесат истото на нивните деца", вели професор Гинсбург. Одговорот на ова прашање е да може да се спречи.

Истражувачите го продолжиле истражувањето со истите семејства благодарејќи на финасирањето од Националниот институт за ментално здравје. Дополнително ќе се истражува дали децата го развиваат ова нарушување во тинејџерските години или во раното детство.

Од истражувањето досега се дошло до заклучок дека не треба да се реагира на проблемот туку истиот треба да се превенира. „Потребно е да се оди на превентивни психички прегледи, посебно за луѓе што се во ризична група", додава професор Гинсбург.

Сите луѓе чувствуваат немир и вознемиреност. Но луѓето што имаат психички немир можат да се вознемират за нешта кои не се толку сериозни. Кај децата психичкиот немир и вознемиреност се манифестираат на различни начини. Некои деца може да имаат немир поради одвојување, па се плашат да одат некаде без нивните родители. Други се плашат да зборуваат во јавност или се срамат да јадат во училишната менза.
Каков облик и да зема немирот тој е сепак е тој комбинација од преценување на ризикот од опасност.

На првите две семејни терапии учествувале само родители и се зборувало како нивниот немир влијае врз нивните деца. На останатите шест терапии учествувало целото семејство и работеле на тоа да може секој поединечно да го препознае психичкиот немир и да се соочи со истиот. Една од стратегиите е да им се помогне на родителите да разберат дека децата треба да се изборат со своите стравови.

Ако вашето дете се плаши да оди на првиот тренинг по фудбал само, зашто не познава никого, немојте да се откажувате и вие и да си одите дома. Седете со детето додека да собере храброст и да влезе на теренот. Немирот и вознемиреноста се состојби што можат да се контролираат.

Brainobrain Europe

07 Март 2017

За авторот