Наслов

Како подобро да го стимулирате моралниот развој кај децата

Што е потребно за некој да е добар родител? Родителите знаат неколку трикови со цел да ги мотивираат повеќе нивните деца. Истражувањата покажале дека кога родителите го фалат трудот на децата, тие развиваат силна работна навика и стануваат многу повеќе мотивирани.

За некои родители успехот не е најважното нешто што нивните деца треба да го постигнат. Овие родители повеќе се грижат детето да прерасне во добра и внимателна личност.

Истражувачи откриле дека во САД родителите што се со потекло од Европа, Азија или Африка многу повеќе се трудат нивните деца да бидат добри личности, отколку да се успешни.

Во истражување спроведено во 50 земји во светот се истражувало кој е основниот животен принцип на луѓето. Резултатот покажал дека на луѓето не им е важен толку успехот колку што е важна грижата за другите.

Иако во животот ова е многу важна особина, не е воопшто лесно да ги научиме децата да се грижат за другите луѓе.

Се поставува прашањето дали децата по природа се добри или не?
Генетските истражувања кај близнаци докажале дека една четвртина до половина од нашата склоност да сме внимателни и да се грижиме за другите е наследна. Тоа остава многу простор за родителите и за надворешниот свет да влијае како тоа дете понатаму ќе се развива.

На две години децата искусуваат некои морални емоции, почнуваат да разикуваат што е добро, а што лошо. Со цел да се наметне грижата за другите како позитивно однесување кај детето, истражувачите инсистираат тоа дете да се фали, а не да се наградува.

Наградувањето само по себе го носи ризикот тоа дете да се однесува грижливо само кога ќе добие награда.

Но на кој начин треба да ги фалиме нашите деца за нивната дарежливост?

Многу од родителите веруваат дека е добро да се пофали однесувањето не детето, на тој начин детето учи како да го повтори тоа однесување. Потребно е да се рече : „Тоа што го направи многу ми помогна", а треба да се избегнува фразата: „Ти си дете што постојано помага".

Во еден експеримент на истражувачите Џоан Грусек и Ерика Редлер се истражувало како децата реагираат кога ќе се пофали нивното однесување, а како кога ќе бидат пофалени самите деца. Децата требало да освојат џамлии и потоа да ги донираат на сиромашни деца.

Пофалбата одела во два правци, кај една група на деца се фалело тоа што тие го направиле, а во друга група пофабите се упатувале дирекно кон самите деца.

По неколку недели кога децата биле во ситуација да подаруваат и да делат, подарежливи биле оние деца чиј карактер бил фален, отколку оние деца чие дело добило пофалба.

На овој начин децата учат кои се тие од акциите што ги преземаат. Па така децата од експериментот можат да кажат: „Јас сум грижлива личност".

Психологот Кристофер Брајан пак открил дека со цел да се поттикнат морални однесувања кај децата треба повеќе да се користат именки отколку глаголи. Па така ако сакаме дете на возраст од 3 до 6 години нешто да ни помогне треба да му речеме да биде наш „помошник". Не треба да побараме од него „да помогне".

Кога нашето однесување ќе стане рефлексија на нашиот карактер, ние се движиме во вистинска насока кон моралните одлуки. Со тек на време сето тоа станува дел од нас.
Пофалбата може да биде многу влијателна во критичен период кога децата развиваат силно чувство на идентитет. Кога истражувачите Џоан Грусек и Ерика Редлер го фалеле карактерот на 5 годишните деца, не добивале траен бенефит. Децата на оваа возраст се премногу мали да разберат што всушност се случува. Пофалб на сметка на карактерот на детето функционираат најдобро кога детето е на возраст од 8 години, кога најчесто имаат создадено некоја слика за својот идентитет.

Пoфалбата што следи по добро однесување може да помогне, но и нашиот одговор на лошото однесување може да има последици.

Кога децата ќе направат некаква грешка, тие најчесто чувствуваат две морални емоции: срам и вина.

Ако сакаме нашите деца да се грижат за другите луѓе, треба да ги научиме да чувствуваат вина отколку да се срамат, ако нешто не направиле како што треба.
Психологот Ненси Ејсенберг објаснува дека срамот се јавува кога родителите ќе станат бесни, кога ќе почнат да ги казнуваат нивните деца. Во такви случаи децата може да помислат дека се лоши личности. Плашејќи се да не направат ваква грешка со децата некои родители не успеваат да воведат дисциплина воопшто.

Најефективен начин за да се реагира кога дете ќе се однесува лошо е да се покаже вистинско разочарување. Децата најдобро реагираат кога ќе видат дека нивните родители се разочарани. На ваков начин децата развиваат стандарди по кои го рангираат нивното однесување, развиваат емпатични чвства кон другите, развиваат морален идентитет и се тоа води до градење на една одговорна и грижлива личност.

20 Април 2017

За авторот