Како да станеш подобар говорник? Зборувај пред куче!

Двајца студенти ги претставуваат нивните презентации. Презентациите се добри, но тие имаат тешка публика.

Како што пролетуваат првите слајдови еден присутен стана и нервозно ја напушти просторијата. Друг почна да дише тешко и си ја спушти главата на клупата со цел да дремне малку. Студентите што ја одржуваа презентацијата почнаа да го покачуваат гласот и почнаа да гестикулираат со цел да го привлечат вниманието на публиката.
И тоа е секогаш така кога публиката е од тој тип.

На еден американски универзитет се одржала сесија што е дел од пилот-програма каде наместо публика говорниците се обраќаат пред куче.

„Обраќањето на пријателско куче и куче што не ве осудува може да ви го намали нивото на крвниот притисок, може да ви го намали стресот и да ви го подобри расположението. Ова ќе ви користи многу ако сакате да си ги вежбате вашите говори или тимските презентации”.

Кучињата-слушачи, како што ги нарекуваат се дел од проектот на Бони Ослендер, директорката на Центарот за бизнис-комуникација, што им помага на студентите да ги подобрат нивните вештини како говорници. Ослендер одлучила да ги употреби кучињата и со тоа да им помогне на студентите да се справат со нервозата што ја имаат пред да зборуваат пред публика. Во центарот се одржани многу сесии од овој вид минатиот семестар и центарот има „ангажирано” шест локални кучиња.
Засега резултатите од овој проект се најблаго кажано интересни.
„Се смееш кога ги гледаш кучињата”, вели Џесика Левинсон, која вежба говор пред Теди и Ели, кучињата од центарот.

Таа вели дека кучињата воопшто не се разликуваат од расеаните студенти што најчесто и не ве следат што зборувате. Кучињата дури и можат да ве лижнат.
За да ја ублажите нервозата употребете виртуелна публика
Виртуелната реалност во последно време се користи како популарен експериментален третман за разни нарушувања, вклучувајќи го и јавното говорење.
Во соодветен центар учесниците седат сред 3Д-околина создадена со компјутер, а терапевтот ги води низ целиот процес.

Овој метод студентите можат да го испробаат дома благодарејќи на бесплатната апликација VirtualSpeech.

Извор
Превод: Наташа Гинџевска – Илиоска – Бреинобреин едукатор