Како да ја совладаме уметноста на слушањето?

Многумина од нас ќе речат дека се добри слушатели но дали знаеме која е улогата на добар слушател? Дали се сунѓери кои апсорбираат се што соговорникот рекол или добриот слушател треба да е како трамполина?

Некој кој ќе го поттикне, прочисти и витализира вашето размислување. Тој ќе ви направи да се чувствувате подобро со тоа што активно ќе ве поддржи и ќе ве вивне во височина исто како кога децата скокаат на трамполина. Тој е некој од кого вие може да отскокнувате и раѓате нови идеи.

Како да ја совладаме уметноста на слушањето? Слушај внимателно и “отвори се”, се две главни карактеристики кои се потребни за да станеме емпатичен соговорник.

Според психологот, Marshall Rosenberg нашата способност да бидеме присутни сега и овде и да продреме до уникатните чувства и потреби која личноста што ја слушаме ги искусува во тој момент. Без разлика дали тоа е е дете кое е вознемирено од училиште, нашиот партнер кој се жали за прекумерната работа или пријател кој ни соопштува за својата здравствена состојба, потребата да бидеме слушнати и разбрани извира од секое човечко битие.

Се вели “Железото се кова дури е жешко”, токму затоа најважно е да се научат децата како да слушаат!

Истражувањаа покажуваат дека децата со добри слушачки вештини достигнуваат подобри перформанси на училиште, се поуспешни во личните релации и изразуваат повисоко ниво на толеранција на фрустрација.

Останувањето смирен е најважниот дел од процесот на подучување на слушачки вештини кај децата. Иако е вознемирувачки кога децата не не слушаат бидејки тие имаат свои планови, играчки и гадџети кои ги чекаат, важно е да се има на ум дека децата нема да научат ниедна лекција која е пренесена во лутина. Најдоброто време за да го научите детето да слуша е кога вие имате “a quiet moment together”.

Неколку предлози со кои може да допрете до вашето дете:
• Светот е голем и полн со дистракции за детските очи, поради што тие тешко слушаат и се фокусираат. Спуштете се доле на висина на неговиот “eye contact” и осигурајте се дека го имате неговиот поглед, зборувајте смирено и во помалку чекори.
• Замолете го да ви го повтори вашето барање. Кога детето ќе повтори сет на инструкции, подобро ќе ги разјасни и полесно ќе се фокусира. Добра идеја е и вие да го сторите истото за вашето дете.
• Слушајте го вашето дете. Животот е трка, оставете ги за момент обврските и телефоните и покажете му на детето дека сте тука за него и дека уживате во неговите приказни.
• Внесете и малку игра: раскажувајте заедно приказни, секој член од семејството нека каже по една реченица; креирајте трка со пречки, каде што ќе искомбинирате слушачки вештини и физичка активност, како вртење хулахоп, потскокнување, ползење под маса, а може да ја играте и една од најдобрите игри за слушање “Simon Says” без разлика дали се игра дома или во училница.

За на крај како што Diogenes Laertius рекол: “Ние имаме еден јазик и две уши со цел да зборуваме помалку и да слушнеме повеќе”.

Уметноста на слушањето е ценета животна вештина, која не само што ќе ни помогне да комуницираме подобро со луѓето околу нас туку со неа ќе сме поуспешни во повеќе животни полиња. 🙂

Зорица Николова
(Авторката е дел од детска академија “Бреинобреин Европа” со франшизен центар во Скопје)