Наслов

Качи се на точак и директива на училиште

Први септември дојде, а вие како ги однесовте децата на училиште? Велосипедот не треба да се изостави како превозно средство во секојдневниот живот бидејќи има многу корисни причини зошто...

Според истражувањата направени во рамките на Данскиот проект (каде голем процент од популацијата се превезува на велосипед) се дошло до заклучок дека возењето велосипед значително ја зголемува способноста на детето да се концентрира на наставата. 

Покрај тоа што предходно пишавме каква е инфраструктурата во Данска во однос на велосипедските патеки, сега тие издадоа и нови статистики. 

Резултатите од истражувањето познато како ”Mass Experiment 2012”, покажуваат дека децата кои користат јавен или приватен превоз за да стигнат до своите училишта покажуваат послаби резултати во споредба со оние кои одат со велосипед. 

Истражувачите се изненадени од резултатите, бидејќи нивната хипотеза предходно била базирана на исхраната, односно важноста на квалитетниот појадок и ручек за да се подигне нивото на концентрација кај учениците. Додека после овие истражувања, се испостави дека храната има влијание, но физичката активност е најважниот фактор.

”Начинот на кој се пренесуваат децата до училиште се одразува на нивото на концентрација до 4 часа подоцна”, изјави Нилс Егелунд, соработник во истражувањето. Всушност, тоа е скоро целиот школски ден. 

Истражувањето опфатило отприлика 20.000 ученици од 5-19 години, а испитаниците одговарале на прашања во врска со нивните прехрамбени и рекреациски навики, а притоа се оценувало нивното ниво на концентрација со помош на тест сложувалка.

”На повеќето луѓе им се познати предностите од физичката активност, како чувството на освежување, зголемена физичка и ментална енергија, но изненадувачки е колку долго трае позитивниот ефект”, изјави Егелунд. 

11 Јуни 2013

За авторот