Хиперактивност со хиперактивност се смирува

Хиперактивност кај децата

Немојте да се паничите ако сте во групата на родители кои имаат хиперактивно или хиперкинетичко дете, бидејќи за оваа состојба има прилично едноставно и нетоксично решение…

Доколку вашето дете има симптоми на неисцрпувачка енергија, намалена концентрација и меморија, импулсивно, напнато, агресивно и редица други кои сте му ги раскажале на вашиот педијатар или психијатар, нема да згрешите ако направите алтернативна стратегија за канализирање на енергијата на вашето дете, и тоа преку спортски активности.

Хиперкинетичката ментална состојба (аttention deficit hyperactivity disorder-ADHD) за прв пат е опишана во книгата „Немирниот Филип“ од Џајнрих Хофман во далечната 1845 година. Ова е доказ дека науката долго време се ангажира во објаснувањето на овој синдром.

Во основа се работи за пореметена размена на катехоламините (хормони) кои се основните трансмитери на многу витални функции. Децата со ваков синдром се трипати почесто момчиња, обично на возраст од 3-12 години, полни со адреналин и норадреналин.

 

Овие хормони кај возрасните се лачат во стресни моменти. Тогаш, се поставува прашањето за третманот… Ако најдобрата антистрес терапија кај возрасните е физичката активност, тогаш нема дилеми и кај третманот на овие деца.

Препораките за спортски колективни активности се основниот нетоксичен лек што дава одлични резултати. Често, хиперактивните деца имаат подобри резултати во било кои спортови од останатите деца. Тие стануваат многу успешни спортисти, а со тек на време и симптомите на хиперактивност се губат. Фактот дека 20% од децата стануваат и психосоцијален проблем за околината е доволен за сериозноста на проблемот.

Инкорпорирање на континуирани спортски активности, и што повеќе надворешни активности на свеж воздух од најмала возраст во животната детска агенда е основната препорака.

Едно е сигурно, а тоа е дека од оваа алтернатива нема зијан, а бенефит сигурно има. Потегот е на вас!