Генерација Фит

Како да му “подметнете” дневна доза фитнес на вашето дете? Хммм…бидете sneeeeeky – во позитивна смисла се разбира!

1. Навалете на игралиштето – Локалното игралиште со лулашки, клацкалки, решетки за пентарење, може да бидат позабавни од некоја сала, а малецките не ни приметуваат дека низ играта всушност работат на своето тело. Па кога ќе размислите навистина е така… кога се “бесат” или пентарат по решетките го вежбаат горниот дел од телото и рацете, кога доскокнуваат на земја од некое повисоко ниво ги зајакнуваат коските и мускулите на нозете, дури и лулањето вклучува работа на трупот. Играта на лулашки му доаѓа нешто како кружен тренинг.

2. Играјте некоја игра – Брканица, криенка, грабни стапче, школка…. изборот на игри кои не бараат никаква претходна подготовка се исто така “невидлив “, спонтан и забавен начин за фитнес тренингче кај децата.

3. Измијте ја колата, најбрзо што можете – Ви текнува ли на ”Karate Kid” i Mr. Miyagi? Каков само тренинг му одржа мастерот на ученикот (миење на автомобилот, фарбање на куќата), нели? Мерете го времето на сапунисување на автомобилот, плакнење и бришење и следниот пат обидете се да го срушите рекордот. Со некоја активност по дома, во дворот или гаражата ќе утепате две муви со еден удар, ем фитнес ем средено низ дома.

4. Спортски настани/промоции  Се организира ли некој локален фестивал или промоција на спорт, здрава исхрана, бидете таму.

5. До целта со пешки или велосипед – Одите на сладолед, семеен ручек или тренинг… наместо да го палите автомобилот послужете се со велосипедот или пропешачете со вашето дете до локацијата. Се сè брои!

6. Инспирација – Водете го вашето дете на спортски натпревари. Таму адреналинот и атмосферата е во позитива и верувајте воодушевеноста кај малите буди интерес. Спортистите будат инспирација.

7. Куглање по дома – Направете си мини куглана во дневната или дворот. Потребни се пластични шишиња кои може да бидат празни или полупразни и топка. Детето може да ја кугла топката или шутира (шутирањето оставете го за во двор се разбира). Овде вклучувате кардио, флексибилност, координација.

8. Однесувај се како … – Оваа е едноставна игра каде што мама или тато кажуваат што да се прави ”Ајде сега да се истегнеме како мачка!”, ”Скокаме како кенгур!”, ”Стоиме на една нога како фламинго!” и слично.

Обидете се! Забавно е!!!