Наслов

ФК Форца - Штип ги отвора вратите за младите фудбалери

Тренинг Академија на ФК Форца - Штип ги отвора вратите за младите кои отсекогаш сонувале да станат фудбалери.

Генерациите од 2008 до 2014 година имаат можност да бидат дел од нашата фудбалска школа.

Стратешки приоритет на Тренинг Академија на ФК Форца - Штип е фудбалскиот и телесен развој на идните врвни фудбалери и репрезентативци.Водиме сметка за исхраната, за редот и дисциплината, работиме на тактичко-технички план, тренинзи за координација и слично. Ова е голема придобивка за нив, бидејќи познато е колку спортот е корисен за здравјето.

Затоа ги повикуваме младите кои имаат желба да бидат дел од Форца, да се запишат во Тренинг Академијата.

Со младите фубалери работат искусни и истакнати тренери со УЕФА Лиценца, магистер професор по Физичко Здравствено Воспитување по специјална програма по УЕФА стандарди.

СЕКОЈ ЧЛЕН ДОБИВА БЕСПЛАТЕН ДРЕС И ШОРЦЕВИ СО ЛОГОТО НА Ф.К.ФОРЦА - ШТИП.

Тренинг Академија на ФК Форца - Штип е формирана во февруари 2018 година - член е на ФФМ со околу 40 дечиња од 2009-2012 година.

 

10 Април 2018

За авторот