Фитнес на игралиште – Да, изводливо е!

Иако навидум справите на вашето локално игралиште или училишен двор се многу едноставни, токму тие ќе ви се најдат за забава но и како фитнес реквизити истовремено.

Еве една серија на активности, односно вежби, за да им помогнете на вашите деца да бидат фит и да ги “заразите” со таа идеја.


Висечки стомачни (Hanging Crunches)

 

Детето се фаќа за некоја шипка од која може да виси. Ги подига колената и ги носи што поблизу до градите. Повторно ги спушта. На почетокот доволно се 3 серии по 5 повторувања. Понатаму може да зголеми од 10-15 повторувања.

Добра вежба за мускулите на рацете и трупот.

 

 

 

 

Cross Kicks на лулашка

 

Седнете на лулашка и нормално држете се за синџирите. Во движење (лулање) ги подигате нозете паралелно со земјата. Потоа ги вкрстувате во таа положба (паралелни со земјата) и менувате десна преку лева и обратно притоа одржувајќи ја рамнотежата. Доволно се 10-15 повторувања во 3 серии.

Добра вежба за трупот, колковите, нозете и рамнотежа.

 

 

 

Качување по тобоган (Slide Climb)

 

Пробајте ја оваа вежба доколку тобоганот е слободен или игралиштето е празно, инаку би настанало хаос. Многу едноставно детето се качува нагоре по тобоганот, значи во обратен правец што побрзо држејќи се за страните и потоа се спушта. Повторувања: 5 – 15.

Добра вежба за раце и нозе.

 

 

 

 

Пропаѓање на клупа (Park Bench Dip)

 

На игралиштето или во локалното паркче најдете клупа и изведете ја следната вежба: Седнете и држете се за работ од клупата со полуиспружени нозе, свиткани колена, а стапалата треба да се целосно во допир со тлото. Рамената се позади и почнете да се спуштате/тонете кон земја се додека лактите не достигнат агол од 90 степени. Задржете 2 секунди во таа положба и вратете се повторно во стартната позиција. За почеток доволно е еден сет од 10 повторувања, а понатаму 3 серии од 10-15 повторувања.

Добра вежба за трицепс.