Екстремно тактички!
Џексон Голдстоун од Канада е навидум обично дете кое на ова видео си вози точаче до градинка… Но тој сега има 11 години и веќе е длабоко навлезен во планинско возење точак (mountain biker), а кога ќе го видите во акција ќе ви стане јасно како стартувала неговата пасија…
Веќе ни се познати малите интересни и ефективни баланс велосипеди што децата ги пленат на изглед и во акција. Тие се супер можност за децата првично да научат балансирање на велосипед, а потоа и директно да преминат на стандарден велосипед без помошни тркала.
Ако ве интересира нешто повеќе за овој мал Џек имате фб фан страна тука!