Вежби за јаки мускулчиња

Едноставни вежби со кои дозирано се стимулира изградбата на мускулна сила кај децата на училишна возраст.

Горен ден од телото

„Aзбучен” plank – застанете во горна позиција на склек, со исправени раце и стегнато торзо (можете колената да ги ставите на земја) гледајќи се со вашето дете. Задржете ја оваа позиција додека заедно ја кажувате азбуката истовремено правејќи „да пукне” со десната рака за „А”, па со левата рака за „Б” и така натаму се додека детето може да седи во преден plank.

„Спелувачки” склекови – кажете еден збор, а потоа за секоја буква детето треба да направи по еден склек. Видите колку збора може да издржи вашето детето и колку букви имал најдолгиот.

Одење како ракче – седнете за земја со свиткани колена, стапалата на земја и рацете позади вас. Подигнете го задникот и почнете да се движите према напред, према назад, на страна.

Стомак и грб

Класични стомачни – легнете на грб со свиткани колена (можете да му асистирате на детето држејќи му ги стапалата) и подигнувајте се носејќи ги градите кон колената. Прогресирајте со тоа што полека ќе го подигнувате трупот и полека ќе го спуштате до почетна позиција.

Подигнување на трупот со додавање на топка – земете топка, легнете на грб со свиткани нозе насочувајќи ги прстите едни кон други. Истовремено направете подигнување на трупот и подајте ја топката на вашето дете во моментот на највисоката точка при подигнувањето. Вратете се доле и потоа повторно подигнете се при што сега ја примете топката кое ќе ви ја додаде вашето дете.

Superman или Supergirl – легнати на стомак, со испружени раце и нозе истовреено подигнете ја вашата лева рака и десна нога и задржете ја колку подолго можете. Повторете го истото на другата страна.

Долен дел

Мечкин од – со дланките и стапалата на земја, задникот подигнат, движете се во различни насоки или тркајте се со вашето дете.

Седење на ѕид со пеење – потпрете се со грбот на ѕид. Спуштете го задникот така што подколеницата и надколеницата да ви бидат под агол од 90 степени. Колената треба да бидат над стапалата, а рацете се прилепени на ѕидот покрај трупот. Останете во оваа позиција додека пеете некоја песничка. Колку подолга толку подобро!

Исчекор према напред – направете голем чекор према напред со едната нога, свиткајте го предното колено и спуштете ги колковите (внимавајте предното колено да не оди многу напред поминувајќи ги прстите на предната нога). Подигнете се носејќи ја задната нога до предната и направете голем чекор со другата нога. За да биде поинтересно можете да замислите дека одите на месечината.