Родителски примери

Доволно ли сум пораснат за да бидам планинар?

Малите слатки дечиња сигурно не се во можност ова самите да го одредат, па затоа вие родители, помогнете им. А старосна граница за отпочнување со овој прекрасен спорт – НЕМА. 

Доколку родителите се доволно спремни и желни да го изнесат своето чедо во убавините на планината и општо природата, возраста на малите е последното нешто што треба да ги замислува или спречува. А малите, доколку се внимава на сите важни работи и неопходности, ќе се чувствуваат како дома, уште од самиот старт. 

Еве земете го за пример малиот Боди, детенце на мајката Шенон и таткото Блејк, активни планинари и кампери кои за првпат го имаат однесено Боди на кампинг на петтиот ден од неговиот живот. 

На негови две години, пак, семејството заедно со бремената мајка (со второ дете) веќе отишле на повеќедневно планинарење во калифорниските планини. 

Извор

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија