Данскиот вело-амбасадор ни појаснува зошто Копенхаген конституира нешто што се нарекува "Bike Culture 2.0"

Дански “Bike Culture 2.0”

По неколку остварени патувања во Копенхаген, човек се враќа во Скопје со доволна доза на ентузијазам за рекреативен велосипедизам, желба за користење на велосипедот за превоз до работното место и желба за асоцијација со истомисленици и борци за остварување на нашите права во сообраќајот.

 

Во Копенхаген може да одберете дали вашето дете ќе го возите на седиште со адаптер, во посебна карт приколка или на историскиот “Long John”.

Но сепак, се враќате во родниот град и неизбежнo е да добиете по некоја пцовка додека се возите  на велосипед со своето пиколино (соодветно означено и со добра светлечка сигнализација), нели, ние сме пречка во сообраќајот…

Видеото во прилог сигурно нема да ја промени сообраќајната култура во Скопје, но ќе ни овозможи барем да “промаштаме” за ваква инфраструктура, неверојатен удел на велосипедисти во сообраќајот, еко-култура и свест за потребите од намалување на притисоците врз животната средина.

Им завидувам и се надевам дека јас и моето пиколино ќе продолжиме со нашето возење, без да враќаме пцовка!