Да им овозможиме јога на децата

Прекрасна акција за децата од Бали каде јогата е духовно наследство, но поради комерцијалноста што ја доживува тие времено се оддалечиле од праксата заради перцепцијата дека јогата е скапа и за странци…

Оваа перцепицја реши да ја промени јога учителот од Бали Дева Рамава кој бесплатно им држи часови по Убуд јога на локалните деца, но имаат проблем со недостаток на јога постелки. Тој штеди од своите пари за да купи јога постелки, но не може да постигне. Моментално има 100 ученици и 10 јога постелки.

За таа цел се подига донација за да им се овозможи на децата од Бали да практикуваат јога и да живеат здрав живот.

Јогинот Дева верува дека со јога праксата им го менува животот на овие деца, тие стануваат посмирени, релаксирани во умот и телото, имаат подобра концентрација, телата во развој им зајакнуваат и флексибилноста им се зголемува, се зголемува и самодовербата, им дава алатка за справување со стресот, ја зголемува имагинативноста и креативноста, се учи свесност за сегашниот момент, дисциплина и одговорност.

Акција што треба да се поддржи и прошири…