Бесплатни идеи за истерување на досадата

Во отсуство на задачи и цели, а вишок енергија, децата може да направат напната атмосфера во домот. Избегнете ја точката на вриење и овозможете им некоја од овие активности во зависност од годишното време и можности. 

1. Места за посетување
Ако ви стане премногу тесно и напнато во домот скоро секогаш имате опција да излезете надвор на воздух или да посетите некое место… Можете да одите на:
– новото игралиште во реонот;
– на плажа/кеј ако живеете покрај вода и ако дозволува времето;
– на отворено фудбалско игралиште за да играте со топка или да летате змај;
– во продавница за миленичиња да ги разгледате животинките;
– во библиотека, бидејќи децата сакаат да им се чита. А со посетување на ова место од рана возраст им влевате љубов кон книгата и знаење за во иднина.
2. Децата можат да готват

Во зависност од возраста на децата зависи и нивната ангажираност во подготвувањето на најразлични рецепти.
– Мафини, вкусни, лесни и во многу форми;
– Бисквити, обидете се со обично тесто и разни форми со модли;
– Колачи, супер едноставни, само измешајте ја потребната смеса, истурете по една лажица на хартија за печење и гледајте ги како растат во рерната;
– Домашна пица, прво забавувајте се со тестото, а потоа декорирајте ја пицата со саканите продукти.
3. Смешно облекување на стари работи
Побарајте некои стари алишта и додадете малку имагинација за да се случи магијата. Девојчињата особено ја сакаат оваа игра.
– Стари џемпери, кошули и блузи од мама и тато;
– Стари шалови и каиши;
– Капи и шешири;
– Стари кондури и штикли;
– Крилја од стари чаршафи.
4. Креирајте уметност
Соберете ја колекцијата од материјали за уметнички дела и позитивно зачинете го лошиот дождлив ден. Вашата кутија за уметност би требало да содржи:
– Ножички;
– Хартија;
– Стикери;
– Картони;
– Селотејп;
– Стари пликови;
– Разнобојни пенкала, боички, фломастери и креди;
– Празни картонски туби (од тоалетна хартија на пример);
– Светки;
– Лепак;
– Стари списанија;
– Бои;
– Пластични кутии.

Со сите овие продукти и помагала можете да бидете максимално креативни…
– Да ја декорирајте уметничката кутија;
– Да си направите свој змај;
– Да правите принтови со компири;
– Оригами;
– Колажи;
– Конструкции (коли, автобуси, дрва, куќи).
5. Активни игри
За децата се препорачува да бидат активни минимум 60 минути дневно. Затоа можете да ги испробате следните игри…

*за надвор:
– криенка;
– качување (дури и најмалите деца сакаат да се качуваат каде стигнат);
– трки;
– скокање (трамполина, јаже);
– градинарство;
– возење велосипед;
– скокање вирчиња (особено после дождлива ноќ).

*и за внатре:
– гимнастика;
– бркање со ползење на сите четири;
– изградба на шатор од домашни елементи (столици, чаршафи, ластичиња, ќебиња);
– играње на музика (слободен денс).

6. Вода насекаде

Водата е забавна и за сите, а може да се искористи во најразлични комбинации, само бидете присутни додека се случува забавата, бидејќи со водата доаѓаат и опасностите од давење.
– Игри со истурање вода (земете садови со различна големина и претурајте вода од еден во друг сад);
– Мало базенче на надувување (децата може да се шлапкаат во млака вода, а како екстра за здравје можете да додадете морска сол);
– Обоена бања (додадете во бањата неколку капки боја за храна и обојте ја водата во омилените бои на малечките);
– Музички чаши (наполнете чаши со различна количина на вода и нежно удирајте ги со лажичка со што ќе создавате различни мелодии);
– Прскалица (пуштете ја прскалицата за трева и трчајте наоколу со децата за да се разладите во топлите летни денови).

7. Чистење
Иако чистењето не е омилена активност потребно е да се прави редовно, а децата се желни да помагаат. Затоа, следниот кога ќе чистите на забавен начин вклучете ги и нив во…
– Бришење прашина
– Чистење со правосмукалка
– Пружење алишта
– Диплење
– Собирање играчки
– Средување на креветот