АСК Скади го окупираше подиумот на натреварите во австриски Веинебене

Цицибаните на клубот АСК Скади од Скопје, викендов учествуваа на две трки во Веинебене, Австрија каде ги сардисаат горните места во слаломските и велеслаломските трки.

Покажаа голем успех, а освоени се три подиумски места од кои две први во слалом и велеслалом на младата Јана Атанасовска.

Велеслаломска трка:
Јана Атанасовска 1 место
Ева Милевска 3 место
Данило Илиев 6 место
Борјан Стрезоски 14 место
Мартин Христовски 16 место

Слаломска трка:
Јана Атанасовска 1 место
Данило Илиев 5 место
Мартин Христовски 12 место
Борјан Стрезоски (DNF) не ја заврши трката, на првото возење 13 позиција
Ева Милевска (DSF) дисквалификувана.